Снежна апокалипса во Баварија
Возовите во Минхен не сообраќаат. Патниците се заглавени на железничката станица и чекаат. Аеродром е затворен до недела. Падна толку многу снег што зимските службби не можат да го исчистат
Снегот и мразот предизвикаа хаос во јужна Германија. Летовите на аеродромот во Минхен се привремено прекинати. Како што соопшти портпаролот во саботата наутро, зимската служба е во акција за да се обезбеди безбедно работење.
Според германската метеоролошка служба, времето ќе остане зимско. До попладневните часови во Баварија се очекуваат врнежи од снег, понекаде обилни.
Бројните железнички линии околу главниот град на покраината Минхен мораа да бидат затворени во саботата навечер, како што објави Дојче бан (ДБ). Сообраќајот на возовите до и од главната железничка станица во Минхен и на сите С-бан што се надвор е прекинат. Во Улм и Минхен патниците мораа да преноќат во возови. Метрото, автобусите и трамваите, исто така, првично престанаа да сообраќаат во главниот град на Баварија. На патиштата во Баварија имало бројни несреќи.
На неколку железнички линии возовите мораа да застанат на станиците поради паднатите дрвја. Шините не можат да се заменат затоа што треба да се донесат преку патиштата, а тие се блокирани. Има и многу други откажани возови.
Имаше и неколку смртни случаи на автопатиштата.
Нема воз, но централната станица во Минхен е полна: патници со куфери се шетаат наоколу, ги проверуваат своите апликации и таблите на екранот за да видат дали некаде сообраќа воз – но ниеден не вози.
Некои возови се отворени за да можат заглавениѕе патници на станицата да влезат во нив и да се загреат. Тој е претворен во привремен хотел. Оние што не успеале да влезат во него спијат на различни места на станицата и… чекаат.
Фудбалскиот меч меѓу Баерн и Унион, кој требаше да се игра од 15,30 часот е одложен. На стадионот има толку многу снег што не може да се исчисти.
Откажувањето на летовите од Минхен е продолжено до недела до 6 часот наутро. Се замолуваат патниците воопшто да не патуваат. Зимската служба е во акција, но не е сигурно дали до утре наутро ќе пвпзможи аеродромот да биде безбеден за сообраќај.
Аеродромот во Нирнберг прими поединечни авиони кои повеќе не можеа да се упатат кон Минхен. Сепак, поради капацитетот, аеродромот во Нирнберг може да прими само ограничен број авиони. И таму има многу снег.
Суспендирањето на летовите во Минхен предизвика доцнење и на аеродромот во Франкфурт. Околу 20 авиони кои требаше да слетаат во Минхен беа пренасочени кон Франкфурт. Тоа беа главно големи авиони и летови на долги релации. Според портпаролот, капацитетот на аеродромот во Франкфурт сега е исцрпен и повеќе не може да се преземаат дополнителни пренасочувања.