Фалсификуваните евра внесени во Косово се печатени во Македонија


Специјалното обвинителство на Република Косово, по запленувањето на над 85 илјади фалсификувани евра во кованици од по две евра минатиот вторник, соопшти дека фалсификувани монети на европската валута, кои се дистрибуираат во Косово и други земји од регионот, се произведуваат во Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина. Ова тврдење се наведува во синоќешното […]

Обединетото Кралство ќе даде поддршка за изградба на нов Клинички центар


Министерот за здравство Фатмир Меџити во рамки на работната посета на Обединетото Кралство остварил средба со министерот за извоз, оддел за бизнис и трговија Лорд Малколм Офорд од Гарвел, на која била искажана подготвеност од нивна страна за поддршка при финансирање на проектот за изградба на новиот Универзитетски Клинички центар. На средбата, министерот Меџити ја […]

Обраќање на австрискиот амбасадор Мартин Памер, по повод поставувањето на првото „Enzi“ во Скопје


Амбасадорот на Австрија Мартин Памер, заедно со директорот на Културно информативниот центар (КИЦ) Антонио Димитров и претставник на Град Скопје, денеска напладне пред КИЦ ќе имаат кусо обраќање по повод поставувањето на првото „Enzi“ во Скопје. Од Австриската амбасада велат настанот е дел од 30-годишнината од Виенската светска конференција за човекови права (Виена+30), во чии […]

Конференција посветена на 30-годишното партнерство меѓу Светска банка и Македонија


 На Економскиот факултет во Скопје денеска ќе се одржи конференција посветена на 30-годишното партнерство меѓу Светска банка и Северна Македонија.  На конференцијата, според агендата, најавени се обраќања на потпретседателката на Светска Банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, премиерот Димитар Ковачевски и деканот на Економскиот факултет Предраг Трпески.  Во рамки на конференцијата ќе се […]

Македонија и Словенија ќе потпишат меморандум за меѓународна развојна соработка


Северна Македонија и Словенија денеска ќе потпишат меморандум за меѓународна развојна соработка за периодот 2023-2024 година.  Меморандумот ќе го потпишат вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ од македонска страна и вицепремиерката и министерка за надворешни и европски работи на Словенија, Тања Фајон. По потпишувањето на меморандумот најавена е прес-конференција во Владата на Северна Македонија. 

„Отворен ден на УКИМ“ на сите факултети на Скопскиот универзитет


„Отворен ден на УКИМ“ организира денеска Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје на секој од факултетите во негов состав,  во два термина – од 10 до 12 часот и од 12 до 14 часот. -Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ широко ги отвора вратите за своите идни студенти – средношколците, давајќи им можност непосредно да […]

Пораки од Министерскиот совет: ОБСЕ е живо, неговата вредност е колку повеќе се користи за надминување на несогласувањата


ОБСЕ е живо, неговата вредност е колку повеќе се користи за надминување на несогласувањата. Блокадата или непочитувањето на принципите на Организацијата е директна закана кон нејзините основни вредности за кои се заложува уште од 1975 година, се главните пораки што беа испратени од Министерскиот совет на ОБСЕ што вчера се одржа во Скопје. Европските лидери […]

Комисијата за избори и именувања ќе предложи кандидати за новиот состав на Антикорупциска


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница треба да избере седум кандидати за идни членови на Државната комисија за спречување на коруцпијата, кои потоа ќе му ги предложи на Собранието. Се очекува оваа точка да се најде на дневен ред на првата наредна пленарна седница. За да се изгласаат новите членови […]

Светски ден за борба против Сида: 506 лица живеат со ХИВ/СИДА во Македонија


Во светот и кај нас денеска се одбележува 1 Декември – Светскиот ден на СИДА. Според податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) согласно постоечката евиденција на пријавени случаи заклучно со 31 октовмри 2023, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Република Северна Македонија, за периодот 1987–2023, изнесува 631, а од нив, согласно податоците […]

Променливо облачно, наутро со појава на значителна ниска облачност


Наутро со услови за појава на магла во одделни котлини. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди и потопло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени. Во Скопје променливо облачно, […]

Астрономски календар


 Денеска е петок, 1 декмеври  2023 година, 335-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 30 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 42 минута, а ќе зајде во 16 часот и 3 минути. Денов трае 9 часа и 21 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, нема да изгрее […]