Индустриското производство во октомври поголемо за 9,9 отсто


  Индустриското производство во октомври годинава, во однос на истиот месец лани, е поголемо за 9,9 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, бележи пораст од 15,9, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од […]

Во третиот квартал за 10 отсто помалку родени деца во однос на лани


  Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2023 година, бројот на живородените е 4.453 деца и во споредба со истиот период од претходната година е помал за 9,8 отсто. Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 6,8 отсто во споредба со истото тримесечје од […]

2 декември во историјата – Наполеон се круниса за император


  Во катедралата Нотр Дам во Париз, Наполеон Бонапарта во 1804 е крунисан како Наполеон I, првиот Французин кој ја има титулата император по илјада години. Папата Пиј VII му ја предаде на Наполеон круната што 35-годишниот освојувач на Европа ја постави на сопствената глава. Наполеон роден во Корзика, еден од најголемите воени стратези во […]

Филмаџии во Канада случајно пронајдоа труп на брод потонат пред 128 години


Ивон Дреберт и Зак Мелник барале инвазивни школки на полуостровот Брус во Канада кога наишле на сосема неочекувано откритие. Станува збор за остатоците од парабродот „Африка“ кој потонал во октомври 1895 година додека пренесувал јаглен од САД до Овен Саунд преку езерото Хјурон. Дреберт и Мелник не можеа да им поверуваат на своите очи кога […]

Аргентина ја отфрли поканата да се приклучи на БРИКС


  Аргентина нема да се приклучи на групата на држави во развој БРИКС, изјави во четвртокот идниот министер за надворешни работи на земјата. „Нема да се приклучиме на БРИКС“, рече Дијана Мондино, која ќе ја извршува функцијата врвен дипломат во владата на новоизбраниот претседател Хавиер Милеи кога тој ќе положи заклетва на функцијата следната недела. […]

Путин бара да бидат мобилизирани уште 170 илјади Руси за армијата


  Рускиот претседател Владимир Путин по втор пат за една и пол година нареди нагло зголемување на големината на армијата, која во Украина ги претрпе најголемите загуби од Втората светска војна. Во петокот, на 1 декември, Путин потпиша декрет за зголемување на јачината на руските вооружени сили на 2,209 милиони луѓе. Според документот, кој е […]

Бугарите купуваат американски оклопни возила: Одвоија 1,5 милијарди долари


Бугарскиот парламент денеска го ратификуваше договорот за набавка на американски борбени возила „Страјкер“ во вредност од 1,5 милијарди долари. Проценетата цена на проектот ќе вклучува 1,21 милијарди долари за набавка на 198 возила „Страјкер“, 65 милиони долари за артилерија и мало оружје и 101 милион долари за противтенковски ракети „Џавелин“, пишува бугарски „Софија Глоуб“. „Самиот […]

Почина Сандра Деј О’Конор првата жена член на Врховниот суд на САД


Сандра Деј О’Конор, првата жена која служела во Врховниот суд на САД, и тоа во најклучните моменти од американското правосудство, почина денеска на возраст од 93 години.  Врховниот суд на САД е еден од трите основни столба на државата, извршниот, законодавнит и судскиот. Кога таа служела на функцијата, судот бил нарекуван „О’Конор суд“, а судијката […]

Општ аларм во Њујорк: „Експлозивите ќе се активираат за неколку часа. Ќе се погрижам сите да умрете“


Најмалку 15 синагоги во Њујорк утринава добиле закани за бомби кои се покажале дека се лажни, соопшти Еврејската агенција за безбедност во Њујорк. Според Мич Силбер, директор на Иницијативата за безбедност на заедницата, кој ја координира безбедноста на еврејските институции во Њујорк, заканите се дел од кампањата насочена кон затворање на синагогите. Тој додаде дека […]

Кина е подготвена да го прекине снабдувањето на Америка со клучен редок минерал


Кина е подготвена да наметне контрола на извозот на одредени производи од графит, што би можело да има значително влијание во САД врз производството на електрични возила и некои воени апликации. Ограничувањата, кои треба да стапат на сила на 1 декември, беа објавени на 20 октомври од страна на Генералната управа за царина и Министерството […]

Службеник на граница примил поткуп за да издаде документ за привремен престој


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР ќе поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје против И.Ф., вработен во Регионалниот центар за гранични работи Север, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ, кој побарал и примил 2000 денари од […]

Ердоган: Прекинот на примирјето претставува многу негативен развој на ситуацијата во Појасот Газа


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска разговараше со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мухамед бин Зајед Ал Нахјан при што оцени дека прекинот на огнот во Газа претставува „многу негативен“ развој во конфликтот меѓу Израел и Хамас. Како што соопшти кабинетот на Ердоган, лидерите на Турција и ОАЕ се сретнаа на маргините на самитот […]

Сунак: Велика Британија „гордо стои“ на самитот КОП28


 Британскиот премиер Риши Сунак рече дека влијанието на Велика Британија на климатскиот самит КОП28 не треба да се мери со „поминати часови“ откако ја заврши својата 11-часовна посета со најава за нова инвестиција за ветерна електрана Dogger Bank во близина на источниот брег на Британија. Сунак рече дека договор вреден 11 милијарди фунти (13,94 милијарди […]

Обилниот снег откажа околу 130 летови од минхенскиот аеродром


Обилните снежни врнежи и ниските температури на аеродромот во Минхен денеска предизвикаа долготрајни одложувања и откажувања на над 100 летови, јави ДПА. -Околу 130 авиони во моментов не можат да полетаат или слетаат, изјави портпаролот на аеродромот.  Според него, барем една од пистите на аеродромот мора да биде постојано чиста, а екипите да работат последователно […]

Новите антикорупционери го поминаа филтерот пред собраниската комисија


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ја утврди листата за избор на претседател и членови на новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата. Седумте најдобро рангирани кандидати за членови на ДКСК добија поддршка од членовите на собраниската Комисија. Претседателката на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Марија Георгиевска информира […]

Приведена скопјанка под сомнеж дека принудувала две малолетнички на секс


Во шест часот изутрина, полицијата уапсила жена од Скопје, за која постојат сомнежи дека принудувала две малолетнички да имаат сексуални односи со возрасни мажи. Тие ги снимале и ги фотографирале двете девојчиња. Настанот се случил во Ѓорче Петров, откако родителите на едно од девојчињата, кои биле на возраст од 13-14 години, пријавиле дека нивната ќерка […]

Германија е единствената членка на ЕУ со повеќе потстанари отколку сопственици на имот


Германија е единствената членка на Европската Унија каде што има повеќе потстанари отколку луѓе кои поседуваат свои куќи или станови. Минатата година уделот на Германците кои поседуваат свои домови паднал од 49 на 47 проценти, пренесува германската новинска агенција ДПА. Во Австрија, која е втора по Германија на листата на земји од ЕУ со најмал број станари […]

Многу жртви во Источна Европа по првиот обилен снег


Обилните снежни врнежи оваа недела во првиот голем студен бран сезонава низ источноевропските држави резултираа со бројни жртви и оставија илјадници градови и села без струја. Во Молдавија, изминатиот викенд четири лица биле пријавени за починати, а две тела биле извлечени од автомобили затрупани под снежните наноси, пишува Гардијан. Во Украина, во силните снежни бури загинаа 10 […]

Обезбедени се пари за исплата на K-15 на вработените во училиштата


Регресот за годишен одмор за 2023 година треба да им биде исплатен на сите вработени во училиштата. Средствата за оваа намена се обезбедени од страна на државата, преку блок дотациите кои на месечна основа им се исплаќаат на општините. Министерството за образование и наука (МОН) преку соопштение апелира до сите локални самоуправи да се почитуваат […]

Свечено пуштен во употреба новиот софтвер на ХС „Злетовица“


Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со министерката за надворешни и европски прашања на Република Словенија, Тања Фајон, денеска остварија работна посета на Општина Пробиштип, каде свечено го пуштија во употреба новиот SCADA систем на Хидро системот „Злетовица“ и извршија увид на изградената филтерстаница во Општина Пробиштип. Делегацијата на Република Словенија, беше […]