Приведена скопјанка под сомнеж дека принудувала две малолетнички на секс


Во шест часот изутрина, полицијата уапсила жена од Скопје, за која постојат сомнежи дека принудувала две малолетнички да имаат сексуални односи со возрасни мажи. Тие ги снимале и ги фотографирале двете девојчиња. Настанот се случил во Ѓорче Петров, откако родителите на едно од девојчињата, кои биле на возраст од 13-14 години, пријавиле дека нивната ќерка не се вратила дома.

За Мета.мк од МВР го потврдија случајот.

„На 01.12.2023 околу 06 часот во Скопје приведена е Г.Р. од Скопје поради основи на сомнение дека на територија на Скопје овозможувала на возрасни лица да имаат сексуални односи со две малолетнички од Скопје, при што истите и ги снимале. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, изјавија од МВР.

Според нашите информации, не е познато дали скопјанката Г.Р принудувала малолетнички на секс и во други наврати. Истрагата за случајот е во тек, а известен е и јавен обвинител.