Во третиот квартал за 10 отсто помалку родени деца во однос на лани


 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2023 година, бројот на живородените е 4.453 деца и во споредба со истиот период од претходната година е помал за 9,8 отсто.

Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 6,8 отсто во споредба со истото тримесечје од 2022 година, односно починале 4.747 лицa, а од нив 8 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен – 294 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. 

Во третото тримесечје од 2023 година се склучени 4.116 бракови, што претставува намалување од 11.4 % во споредба со истиот период од  2022 година.

Во ова тримесечје се разведени 301 бракови.