Индустриското производство во октомври поголемо за 9,9 отсто


 

Индустриското производство во октомври годинава, во однос на истиот месец лани, е поголемо за 9,9 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, бележи пораст од 15,9, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8,2, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 19,0 отсто.

Растот во секторот Преработувачка индустрија е резултат на зголеменото производство во следните оддели: производство на прехранбени производи, на пијалаци, текстил, хемикалии и хемиски производи, фармацевтски производи, производство на машини и уреди.

Индустриското производство во периодот јануари – октомври 2023, во однос на истиот период од претходната година бележи раст од 1.7 отсто.