Во Хрватска се зголемува бројот на новозаразени со Ковид-19


Хрватска– Во Хрватска има зголемување на бројот на новозаразени со Ковид-19, но засега не се планира враќање на епидемиолошките мерки. Националниот штаб за цивилна заштита соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 1.197 нови случаи на инфекција, а едно лице починало. Тоа е речиси двојно повеќе новозаразени од минатата недела. Активни се 4.647 случаи, […]

Педро Алмодовар ќе снима вестерн, со Итан Хоук во главната улога


Шпанија– Педро Алмодова со децении ја избегнува привлечноста на американските студиски проекти, од „Sister Act“ до „Brokeback Mountain“, и сè уште не му верува на системот. „Тоа е еден вид контрадикторност“, рече тој за IndieWire за време на интервјуто во неговата канцеларија во Мадрид. „Холивуд сака да донесе надворешни таленти, но не секогаш им дозволуваат […]

Силната рубља стана проблем за Русија


  МОСКВА – Рубљата ги намали добивките во нестабилната трговија во средата, бидејќи рускиот министер за финансии ги означи можните интервенции за да се намали нагорниот притисок врз валутата, откако таа се приближи до 50 во однос на доларот за прв пат од мај 2015 година. Рубљата стана валута со најдобри резултати во светот оваа […]

Столтенберг: НАТО ќе остане во Украина се додека треба


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вети дека Алијансата ќе ја поддржува Украина се додека е потребно. „Војната на претседателот Путин против Украина го наруши мирот во Европа“, рече Столтенберг на прес-конференцијата, откако сојузничките лидери ја објавија својата декларација на самитот во Мадрид. „НАТО одговори со сила и единство. Украина може да смета на нас […]

Лидерите на НАТО ги поканија Финска и Шведска да се приклучат на Алијансата


  НАТО ги покани Шведска и Финска да станат членки на воената алијанса, се вели во заедничката изјава објавена денеска на Самитот на НАТО во Мадрид. Во документот се посочува дека со приемот на Шведска и Финска тие земји ќе бидат посигурни, НАТО посилен, а евроатлантскиот регион побезбеден. Русија, која досега беше идентификувана како сојузник, во […]

Социјалистите му свртеа грб на Петков, ги прекинаа преговорите за нова влада


  Протерувањето на 70 руски дипломати ја натера Бугарската социјалистичка партија (БСП) да ги прекине разговорите за формирање на нов кабинет со Продолжуваме со промените. Така, само Демократска Бугарија и неколку независни пратеници останаа да ја поддржат партијата на Кирил Петков и Асен Василев. „Ги прекинуваме сите преговори со Продолжуваме со промените за формирање влада. […]

Маричиќ верува дека е можно да се најде решение за евроинтеграцијата


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска имаше средба со пратениците од Европскиот парламент, на која низ отворен и конструктивен разговор потврдија дека и покрај сите предизвици со кои се соочува Европа, Европската Унија мора да остане активна во регионот и во Северна Македонија. -Прогрес е возможен, веруваме дека има решение, […]

Лиценцата за парно ВМРО-ДПМНЕ ја дало на кипарска фирма со 5.000 евра влог


По искажаните стравувања на пратеникот Александар Николоски дека скопјани зимава можеби ќе останат без парно греење, премиерот Димитар Ковачевски ја искористи расправата во Собранието за да соопшти дека ,  додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, лиценцата за снабдување со топлинска енергија ја дала на фирма регистрирана во Кипар со само 5.000 евра основачки влог. Најстрашно, рече […]

Руски ракети паѓаат како дожд врз Украина додека трае самитот на НАТО


  КИЕВ – Руските сили нападнаа цели во регионот на Миколаев во јужна Украина во средата и ги интензивираа нападите на фронтови низ целата земја додека членките на НАТО се состанаа во Мадрид за да планираат курс на акција против предизвикот од Москва. Украинскиот претседател Володимир Зеленски им порача на лидерите на НАТО на неговата […]

Дизелот поевтинува за 2,5 денари, цените на бензините остануваат исти


Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) за 2,00 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 106,50 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 105,00 денари за литар. Малопродажните цени […]

Пендаровски во Мадрид разговараше со Шолц


  Претседателот Стево Пендаровски денеска на Самитот на НАТО, што се одржува во Мадрид, оствари средба со канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц. На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу Македонија и Германија во политичко-безбедносната и одбранбената област, како и за состојбата со македонските евроинтеграции, при што соговорниците ги оценија односите меѓу двете […]

Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ го снимал со мобилен деколтето на Калеска-Ванчева


Премиерот Димитар Ковачевски денеска на седницата за пратенички прашања посочи дека пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, кој не го именуваше, вчера ја снимал пратеничката Снежана Калеска–Ванчева на 15 сантиметри од нејзиното деколте. Тој посочи дека не знае што ќе прави пратеникот со снимката. „Свесен е народот за деструкцијата која произлегува единствено од опозицијата. Само ако се погледнат […]

Министерката за култура ќе чека да се утврди одговорност пред да го разрешува Азири


Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, ќе чека евентуално утврдување на кривична одговорност за државниот секретар во министерството за култура Валмир Азири, па потоа , како што вели ќе следува соодветно решение. Во пратеничко прашање од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ , Антонијо Милошоски, дали министерката ќе бара разрешување на владиниот функционер поради говор на омраза и […]

Урбанизмот и градежништвото најподложни на корупција


 Урбанизмот и градежништвото се најподложни на корупција, правосудството не постапува доволно, а граѓаните сметаат дека корупцијата е поголем проблем, дури и од проблемот со невработеноста, истакнаа учесниците на денешната панел дискусија на тема „Корупцијата во урбанизмот и градежништвото“, организирана од Коалицијата „Сите за правично судење“ . На дискусијата која беше отворена и на која граѓаните […]

Ковачевски до Николоски: Ние го браневме идентитетот во Брисел, вие молчевте


Премиерот Димитар Ковачевски на седницата за пратенички прашања во Собранието рече дека  нема да дозволи „ прифаќање на идеи кои што не прават јасна заштита на македонскиот јазик и идентитет“. „Повторувам, историските прашања не можат да бидат критериум за преговарачката рамка и во преговорите со ЕУ или со која било организација. Преговорите со ЕУ мора […]

(Видео) Поплави и одрони во Австрија, загина едно лице


  Австрија ноќеска беше погодена од силно невреме, а едно лице загина, јавуваат тамошните медиуми. Најлошо помина покраината Корушка, на подрачјето на Филах. Таму, дури 30 противпожарни единици учествувале во спасување на мештаните, а со кучиња се трага по две исчезнати лица. Загина еден постар човек на возраст од 82 години. Локалните власти велат дека […]

ВМРО против ВМРО во борба за директорски фотелји во Битола


  БИТОЛА – Рашомонијада се случува во игрите за назначување на директори во основните училишта во Битола. Во исто време и министерот за образование Јетон Шаќири и градоначалникот Тони Коњановски поставуваат директори на училиштата во Битола. Шаќири на функција поставува и кадри на ВМРО-ДПМНЕ и кадри на СДСМ за кои градоначалникот Тони Коњановски не дал […]

Мурал во центарот на Скопје со порака дека децата се заштитени тогаш кога се вакцинирани


За да ги потсетат родителите колку е важно да ги вакцинираат децата и за да се зголеми опфатот, УНИЦЕФ и Министерството за здравство подготвија комуникациски материјали кои беа дистрибуирани на локации кои родителите често ги посетуваат, како и во градинките, вакциналните пунктови и породилиштата. Оваа недела беше насликан и мурал во центарот на Скопје со […]

Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто


 За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски. Како што рече Бислимовски, ако не беа воведени блоковите, оваа цена ќе беше зголемена за 17,74 проценти. – Во зависност од блоковите, во зима 59,9 отсто од домаќинствата ќе […]

Македонија го поддржува Стратегискиот концепт на НАТО, рече Пендаровски во Мадрид


  Потребно е да испратиме силна порака за нашето заедништво како сојузници во овие времиња на нестабилност и зајакнување на авторитаризмот, рече претседателот Стево Пендаровски на Самитот на НАТО во Мадрид, кога се обрати на првата сесија на состанокот на Северноатлантскиот совет. Во своето обраќање Пендаровски посочи дека со цел успешно справување со асиметричните закани […]