Уставниот суд ќе разгледува четири иницијативи


Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница на која ќе се разгледуваат четири иницијативи. Првата е во врска со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поднесена од Иван Лотески од Охрид. Подносителот на иницијативата наведува дека со оспорените одредби се крши една од темелните вредности-владеење на правото, предвидена со […]

Македонска вечер за почеток на 21. издание на „ОФФест“


Отворањето на дваесет и првото издание на OFFest (1-4 јуни), односно првата фестивалска вечер, ќе биде целосно во знакот на домашните артисти. OFFest 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно состав ПЕРИЈА, како и маестралниот тандем на две наши исклучителни творечки фигури „ДОБРИЛА & ДОРИАН ДУО“, со домашна концертна премиера на музичкото ремек-дело, албумот „Апокриф“ […]

Најмалку 11 загинати во налетот на ураганот Агата во јужниот дел на Мексико


  Најмалку 11 лица го загубија животот во налетот на ураганот Агата што го зафати тихоокеанското крајбрежје на Мексико. Невообичаено силното невреме го одбележа првиот ураган оваа сезона, со интензивни дождови што предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето и поплави. Со поместувањето кон континенталниот дел на Мексико ураганот почна да губи на сила, преминувајќи во […]

Денеска закажани четири собраниски седници, во 12 часот продолжение на 54 седница


  Собранието денеска во 12 часот треба да продолжи со работа по 54 седница, за Предлог-законот за гаранција на земјава на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и АД ЕСМ во државна сопственост, по […]

УНИЦЕФ: Над пет милиони деца од Украина имаат потреба од хуманитарна помош


Повеќе од пет милиони деца од Украина имаат потреба од хуманитарна помош поради војната во земјата, тврди УНИЦЕФ. Во самата Украина, на околу три милиони деца им треба поддршка по руската инвазија. Околу 2.2 милиони малолетници, кои побегнале во други земји поради конфликтот, исто така имаат потреба од хуманитарна помош, се наведува во денешното соопштение […]

Детска ликовна работилница по повод Меѓународниот ден на детето


По повод Меѓународниот ден на детето денеска Националната галерија ќе организира детска ликовна работилница во објектот Даут пашин амам во Скопје. Преку ваквите едукативни програми, наведуваат од Националната галерија, се исполнуваат целите и мисијата на галеријата меѓу кои популаризација на ликовното творештво на Р.С. Македонија, доближување на ликовната уметност до најмладата популација, промовирање на културното наследство, […]

Државниот завод за статистика одбележува 77 години постоење


Националниот статистички систем во Република Северна Македонија и Државниот завод за статистика како негов координатор денеска ќе ја одбележат 77-годишнината од своето постоење. Како што информираат од ДЗС, во рамки на одбележувањето на овој значаен датум ќе биде објавен нов сет на податоци од Пописот 2021 – податоци за образовните карактеристики на резидентното население во […]

Драма во Загреб: Багер пробил цевка за гас, пламените јазици биле високи 10 метри. Повредени се четворица работници


Во вторникот доцна вечерта се запали плин на улицата „Франкопанска“ во Загреб, откако багер удрил во цевка за гас при изведување работи. Повредени се четири лица. Пламените јазици биле изгаснати нешто пред два часот по полноќ, а станарите биле пуштени да се вратат дома, пишува Дневник.хр. Како што се дознава, за време на работите, багерот […]

Сончево и топло, попладне изолирана појава на пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови од земјава. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 27 […]

Надал во спектакуларен меч го победи Ѓоковиќ за полуфинале на Ролан Гарос (видео)


Во четвртфиналето на Ролан Гарос во најочекуваниот меч оваа година, Рафаел Надал го совлада Новак Ѓоковиќ со 6-2, 4-6, 6-2, 7-6 (4). Надал така остана во игра за 22. Грен слем титула при што дури 14 на париските земјени терени. Ова за Шпанецот беше 29. победа во меѓусебните средби, Ѓоковиќ има една повеќе, но Надал […]

Во Грција од денеска без рестриктивни мерки за Ковид-19 – без маски и во затворено


Од денеска во Грција се укинува задолжителната маска во затворените простори, што воедно беше и последната и единствена Ковид мерка во земјата, откако на почетокот на мај беа укинати голем дел од рестрикциите, со што летото ќе биде целосно слободно и без никакви ограничувања, јави дописничката на МИА од Атина. Исклучок постои само за болниците, […]