Драма во Загреб: Багер пробил цевка за гас, пламените јазици биле високи 10 метри. Повредени се четворица работници


Во вторникот доцна вечерта се запали плин на улицата „Франкопанска“ во Загреб, откако багер удрил во цевка за гас при изведување работи. Повредени се четири лица. Пламените јазици биле изгаснати нешто пред два часот по полноќ, а станарите биле пуштени да се вратат дома, пишува Дневник.хр.

Како што се дознава, за време на работите, багерот удрил во цевката за гас и при што гасот се запалил. На местото на настанот веднаш биле испратени пожарникари. Пламените јазици биле високи повеќе од 10 метри, па објектите биле заштитени, а машините и околината се разладувале. На местото на настанот излегле и припадниците на ЗЕТ и полицијата, а трамвајскиот сообраќај во тој дел бил во прекин.

Изгореле трамвајските жици, кои паднале на земја и поради тоа настанало големо искрење. Возачот на багерот е повреден и итно е пренесен во болница. Дневник неофицијално дознава дека се повредени вкупно четири лица кои биле згрижени со Брза помош. Ова подоцна го потврдија и од Дирекцијата за цивилна заштита, која информираше дека се повредени четворица работници.

Искршени се стаклата на некои станови. Градоначалникот Томислав Томашевиќ набрзо пристигнал на местото на несреќата. Се планирало да се обезбеди алтернативно сместување на станарите кои живеат во непосредна близина до обезбедување на местото на несреќата, но за среќа тоа не морало да се случи. Градското претпријатие за гас успеало да го затвори вентилот околу 1:20 часот и пламенот се намалил, а околу 1:45 часот веќе немало отворен пламен.

На местото на настанот се 18 пожарникари со седум возила, извести Дирекцијата за цивилна заштита.
До несреќата дошло откако претходно во вторникот вечерта пукна цевководот во Франкопанска, па дел од граѓаните останаа без вода. Несреќниот багерист удрил во гасоводот за време на работи за поправка на цевководот. (Дневник.хр)