СЗО: Американската забрана на абортусот ќе предизвика проблеми и смртни случаи


Швајцарија – Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејсус предупреди дека неодамнешната одлука на Врховниот суд на САД со која се укина правото на абортус на федерално ниво ќе предизвика здравствени проблеми и смртни случаи. -Сите жени треба да имаат право да одлучуваат за своето тело и здравје. Точка, рече Тедрос во Женева, додавајќи […]

Театарот од Плевен со „Хамлет“ го затвора „Битола Шекспир фестивал“


Ансамблот на Драмски театар „Иван Радоев“ од Плевен вечер со претставата „Хамлет“, ќе го затвори годинешниот „Битола Шекспир фестивал“. Според режисерот Ованес Торосјан текстот за „Хамлет“ е предизвик за секој режисер, а да се игра во ремек делото на Шекспир е желба на секој актер. –Ова е улога од соништата што сите актери сакаат да ја играат. […]

Изложбата „Сенките на занаетите-инсталација на светлина-сенка-звук“ на фестивалот КРИК


Изложбата „Сенките на занаетите-инсталација на светлина-сенка-звук“ од турскиот уметник Билал Јилмаз ќе биде отворена вечер во КСП Центар – Јадро во Скопје, како дел од седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура. Кураторка на проектот е Лидија Хаѕиоану од Грција. -„Сенки на занаетите – Скопје“ е резултат на партиципативно истражување за занаетчиската култура […]

Израелскиот премиер Нафтали Бенет се повлекува од политиката


Израел– Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, синоќа соопшти дека нема да се кандидира на претстојните парламентарни избори и дека ќе се повлече од политичкиот живот. Како што најави премиерот во заминување, тој ќе остане на вицепремиерската позиција до изборите што треба да се одржат наесен, а во своето обраќање до нацијата изјави дека е горд на […]

Изложба во спомен на архитектот Душан Грабријан


Во НЛБ Галеријата во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата во спомен на архитектот Душан Грабријан. – Со своето дело „Македонска куќа или прошетка од старата ориентална до современата европска куќа“, Грабријан ги постави основите за проучување на традиционалната македонска архитектура, наведуваат од Амбасадата на Република Словенија. Изложбата е во организација на Амбасадата на Република […]

Седница за интерпелација за претседателот на Собранието Џафери


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да се одржи 77. пленарна седница со единствена точка на дневниот ред Интерпелација за работата на претседателот на Парламентот Талат Џафери, поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Согласно член 49 став 1 од Деловникот, претресот по интерпелацијата трае еден работен ден, до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за […]

МЕФ Македонски енергетски форум 2022 денеска и утре во Охрид


Синергија во справувањето со енергетските предизвици, пазарот на гас во Западен Балкан во време на енергетска криза, аспекти на декарбонизацијата во Југоисточна Европа од перспектива на различни нивоа на власт се само дел од темите за кои ќе се зборува на петтото издание на МЕФ Енергетскиот форум, што ќе се одржи денеска и утре во […]

Зголемени ковид-бројки, нови мерки засега нема


Согласно податоците што ги соопшти вчера Комисијата за заразни болести, забележан е раст на бројот на позитивните случаи на КОВИД-19 во земјава за 65 проценти, но истовремено нема зголемување на бројот на хоспитализации, со што беше утврдено дека нема потреба од дополнителни мерки. Во текот на вчерашниот ден, Институтот за јавно здравје соопшти дека на […]

Сончево и многу топло до 38 степени и УВ индекс 9


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ=9 Во Скопје […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 30 јуни 2022 година, 176-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 189 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 13 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 5 часот […]

Напаѓачот од Париз, Салах Абдеслам, осуден на доживотен затвор


  ПАРИЗ – Салах Абдеслам, единствениот преживеан од 10-члената група која го погоди Париз во координирани терористички напади во 2015 година, е прогласен за виновен за убиство и осуден на доживотен затвор, најтешката доживотна затворска казна достапна според францускиот закон. Абдеслам (32), француски државјанин роден во Брисел, беше прогласен за виновен за учество во серијата […]

Лидерите на НАТО ја означија Русија како „директна закана“ во новата стратегија


  МАДРИД – Лидерите на НАТО на состанокот во Мадрид во средата усвоија нов стратешки план со кој Русија отворено ја означува како „најзначајна и директна закана за безбедноста на сојузниците и за мирот и стабилноста во евроатлантската област“. Етикетирањето на Русија како јасна и присутна опасност во новиот „стратешки концепт“ на НАТО – плански […]

Вучиќ тврди дека се планира општ напад на северот на Косово


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека владата на Косово дала рок за пререгистрација на српските регистарски таблички до крајот на септември, што значи, како што рече, дека планираат генерален напад на северот на Косово најдоцна до 1 октомври. „Ја имаме петтата земја која го повлече признавањето и чекаме да влезат во процедура […]

Ковачевски ги „чепна“ банките, бара да се испитаат скриените провизии


Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска ги повика пртениците без исклучок, вклучувајќи ги од СДСМ, да го разгледаат Законот за банки во делот на провизии и низ една јавна расправа во Собранието да се утврди дали може да се направи интервенција во однос на висината на апсолутниот износ на профитот на банките што доаѓа од […]

Ковачевски најави зголемување на платите во јавниот сектор


Премиерот Димитар Ковачевски денеска од Собранието најави дека ќе има зголемување на платите, воведување методолгија за пораст на платите која ќе зависи од порастот на трошоците на живот, од зголемувањето на просечната плата и од зголемување на перформансите на работниците. Ковачевски најави воведување закон за плати во кој ќе се знае која ќе биде конзистентноста […]

Ѓоковиќ сигурен против Кокинакис, шок за Каспер Руд на Вимблдон


Англија- Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ ја оправда фаворитската улога и го победи Танаси Кокинакис со 3-0 (6-1, 6-4, 6-2) во втората рунда на Вимблдон. Првиот носител на турнирот во Лондон на „Централниот терен“ не дозволи изненадување, одигра моќно и безгрешно го исфрли австралијскиот ривал. Во следната рунда Ѓоковиќ ќе игра против сонародникот Миомир Кецмановиќ. Со […]

Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза


МВР презема интензивни мерки во однос на говорот на омраза и тоа е ставено високо на агендата, посебно делот на спроведувањето на Стратегијата за сајбер безбедност и голем дел од граѓаните и препознаваат и пријавуваат, посебно ранливите категории на граѓани, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на пратеничко прашање на Маја Морачанин од […]

ФИФА: Нови влезници за СП 2022 од 5. јули


Швајцарија – ФИФА денеска објави дека од 5. јули стартува новата, трета, фаза од продажбата влезници за Светското првенство, кое од 21. ноември до 18. декември ќе се одржи во Катар. Оваа продажба, која ќе биде отворена во 11 часот на веб страницата на ФИФА, а ќе заврши на 16. август во истото време, овој пат ќе биде организирана по […]

Што посетија првите дами на излетот во магичната, средновековна Сеговија?


Шпанија– Шпанската кралица Летиција беше домаќинка  на Џил Бајден и на другите сопруги на лидерите-учесници на Самитот на НАТО во Мадрид на излет во историската Сеговија, во средата. Првата дама на САД го направи тоа семејна работа: Мејси (21) и Финеган Бајден (22), двете внуки на Џил Бајден, им се придружија на прошетката низ античкиот […]

Пират ќе го тресе Брисел


Еден 42-годишник со вртеници во косатаи со вештина да свири хармоника, можеби не е она што повеќето луѓе го очекуваат од министер задолжен да води чувствителни разговори во ЕУ за вештачката интелигенција, приватноста и индустриските податоци.Сепак, Иван Бартош е токму тоа и многу повеќе. Како еден од основачите на Чешките пирати – маргинална политичка партија  […]