Што посетија првите дами на излетот во магичната, средновековна Сеговија?


Шпанија– Шпанската кралица Летиција беше домаќинка  на Џил Бајден и на другите сопруги на лидерите-учесници на Самитот на НАТО во Мадрид на излет во историската Сеговија, во средата.

Првата дама на САД го направи тоа семејна работа: Мејси (21) и Финеган Бајден (22), двете внуки на Џил Бајден, им се придружија на прошетката низ античкиот средновековен град.

На излетот се приклучи и Готје Дестене, сопругот на луксембуршкиот премиер Ксавиер Бетел, кој беше првиот геј премиер во светот. Учествуваа и сопругите на лидерите на Австралија, Словенија, Турција, Белгија, меѓу нив, и нашата прва дама, Елизабета Ѓоргиевска. 
Групата уживаше во разгледување на градот на отворено во едно убаво, сончево утро во Шпанија.

Сеговија е северозападно од Мадрид, каде што се одржува овонеделниот самит на НАТО, во централна Шпанија во регионот Кастилја и Леон.

Античкиот средновековен град е познат по своите средновековни ѕидини, романескни цркви, римски аквадукт и неговиот средновековен замок, кој служел како еден од шаблоните за замокот Пепелашка на Волт Дизни.

Центарот на градот е прогласен за светско наследство од УНЕСКО во 1985 година.

Сопружниците ги обиколија градините на Кралската палата Ла Грања де Сан Илдефонсо. Градините имаат голем број фонтани со теми од митологијата: Фонтаната на Аполон, Фонтаната на Нептун, Фонтаната на Андромеда итн.

Кралицата Летиција, исто така, ги однесе првите дами во обиколка на Кралската фабрика за стакло, и  на Кралската фабрика за таписерија.

Тие ќе ручаат во ресторанот НуБел, кој е познат по предјадењата и севиче од ракчиња.

Тие ќе го посетат и музејот „Реина Софија“, пишуваат шпанските медиуми. Тој е дом на Герниката на Пикасо, која се смета за една од најтрогателните и најмоќните антивоени слики во историјата.

Џил Бајден ќе се врати во Вашингтон во среда попладне, па таа вечер ќе ја пропушти вечерата во музејот Прадо. Таа, исто така, ќе пропушти дегустација на масло што ќе се одржи за првите дами во четврток. (Дејли Меил)