Пират ќе го тресе Брисел


Еден 42-годишник со вртеници во косатаи со вештина да свири хармоника, можеби не е она што повеќето луѓе го очекуваат од министер задолжен да води чувствителни разговори во ЕУ за вештачката интелигенција, приватноста и индустриските податоци.Сепак, Иван Бартош е токму тоа и многу повеќе.

Како еден од основачите на Чешките пирати – маргинална политичка партија  која е родена да се бори против законите за авторски права – неодамна назначениот заменик министер за дигитализација и министер за регионален развој ќе биде ставен во центарот на вниманието на Брисел за неколку недели. Следејќи ги стапките на поранешниот француски министер за дигитални прашања Седрик О, на Бартош ќе му биде доверено да ги турка клучните технолошки закони низ лавиринтот од законодавен процес на европските институции, бидејќи Чешка ќе го преземе кормилото на Советот на ЕУ во јули на шест месеци.

Чешката влада и Бартош си поставија некои високи технолошки цели, како што е формирање на заеднички став меѓу сите 27 влади на ЕУ за правилникот за вештачка интелигенција, кој може да го забрани препознавањето на лицата и  социјалното бодување од страна на владите, но и значително да ја ограничи листата на апликации со висок ризик, како алгоритми кои се користат во здравството, за време на избори и при ракување со апликации за имиграција.

Бартош и неговиот тим, исто така, ќе мора да ги усогласат спротивставените гледишта за законот за индустриски податоци на ЕУ, Законот за податоци кој ги вознемири различните индустрии – вклучително и моќните автомобилски лоби – кои се плашат дека ќе мора да предадат делови од деловните информации на владите и да се соочат со нова бирократија. 

И покрај тоа, политичарот против естаблишментот, кој се прослави дома затоа што ги нарече чешките политичари „површни и неспособни“, може да се појави како чуден избор за улогата на „чесен посредник“ на министерски самити на високо ниво и договарање зад затворени врати со европските пратеници и претставници на Комисијата.

Како длабоко убеден пиратски политичар, Бартош се бореше за поголема транспарентност НА владите и поголема приватност на граѓаните, неодамна критикувајќи ја Комисијата за нејзиниот предлог за борба против злоупотребата на деца преку Интернет што, како што рече, ќе додаде „целосно недозволива обврска да се прикрадне во сите  приватни е-поштИ и разговори“.

„Тој отсекогаш се чувствувал како пират од дното на своето срце“, рече чешкиот пират и член на Европскиот парламент Марсел Колаја, кој го познава Бартош 12 години. „Тој навистина се залага за вредностите во кои верува“.

Но, Бартош, кој е пратеник од 2017 година и беше втурнат во неговата национална чешка влада со двајца колеги пред само седум месеци , не е политички почетник. Маркета Грегорова, друг чешки пират која го познава Бартош една деценија, рече дека луѓето понекогаш го потценуваат.

„Многу луѓе кои го гледаат на сликите мислат дека „ох, тој има вртеници, па ќе биде бунтовник и ќе биде тешко да се разговара со него“, рече таа. „Но, тој е спротивното: многу е прилагодлив, емпатичен и навистина може да ги разбере луѓето и зошто тие чувствуваат нешто и што сакаат“, додаде таа. „Многу министри би можеле да бидат изненадени, но тој е многу убедлив“.

 Бартош е препознатлив со неговото суштинско познавање на дигиталните прашања како поранешен директор за технологија и телекомуникации со докторат  во информатичките науки. Течно говори англиски јазик, исто така, и се смета за поподготвен за неговиот мандат во ЕУ од многу други поетаблирани чешки министри. Но, пиратот може да биде држен на кратко јаже од од неговата влада дома, каде што неговата партија е мал коалициски играч.

„Во рамките на коалицијата, ние сме во многу слаба позиција и исто така сме единствената навистина либерална партија, така што многу од нашата агенда се отфрла“, рече Грегорова. (Политико)