Ѓоковиќ сигурен против Кокинакис, шок за Каспер Руд на Вимблдон


Англија- Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ ја оправда фаворитската улога и го победи Танаси Кокинакис со 3-0 (6-1, 6-4, 6-2) во втората рунда на Вимблдон. Првиот носител на турнирот во Лондон на „Централниот терен“ не дозволи изненадување, одигра моќно и безгрешно го исфрли австралијскиот ривал. Во следната рунда Ѓоковиќ ќе игра против сонародникот Миомир Кецмановиќ.

Со одлична игра, Србинот направи брејк уште во првиот обид, поведе со 3-0 и беше во одлична позиција. Кокинакис дозволи да загуби уште еден сервис, по кој Ѓоковиќ со 6-1 дојде до предност по првиот сет во Лондон. 

 

 

 

Во вториот сет одново Новак бргу дојде до предност. Го одзеде вториот противнички сервис и имаше водство, а не искористи четири сет-топки за втор брејк. Сепак, веќе во следниот гем Ѓоковиќ дојде до 6-4 и го удвои водството. Фуриозната игра продолжи и во третиот сет, Ѓоковиќ со два брејка се одлепи и потоа ја искористи втората меч-топка за победа над Кокинакис. 

Финалистот на Ролан Гарос, Каспер Руд потфрли и си дозволи пораз од 3-1 во дуелот со Уго Умбер. Францускиот тенисер кој игра промеливо имаше негатива откако ривалот го освои првиот сет со 6-3. Сепак, Умбер заигра подобро, со 6-2 се врати во игра, а потоа во два тесни сета со 7-5 и 6-4 дојде до триумф. Следен ривал на Французинот ќе биде Давид Гофан, додека Руд разочара на овој турнир.