Изложбата „Сенките на занаетите-инсталација на светлина-сенка-звук“ на фестивалот КРИК


Изложбата „Сенките на занаетите-инсталација на светлина-сенка-звук“ од турскиот уметник Билал Јилмаз ќе биде отворена вечер во КСП Центар – Јадро во Скопје, како дел од седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура.

Кураторка на проектот е Лидија Хаѕиоану од Грција.

-„Сенки на занаетите – Скопје“ е резултат на партиципативно истражување за занаетчиската култура во Скопје, реализирано за време на едномесечениот престој на Јулмаз и Хаѕиоану во рамките на КРИК, заедно со учество на локални креативци. Во контекст на нивниот проект Креативна платформа за занаети, Билал Јилмаз и Лидија Хаѕиоану имаат цел да воспостават мрежи и заедници на занаети и креативци во контекст на предизвиците кои ги носи со себе постиндустриското општество, велат од КРИК.

Проектот, како што посочија, нуди алатки за воспоставување колективна архива на занаетчиската култура и активирање на креативците да размислуваат за потенцијалот на занаетчиството, притоа документирајќи и разбирајќи ги аспектите на трансформацијата на занаетчиството во современиот контекст.