ФИФА: Нови влезници за СП 2022 од 5. јули


Швајцарија – ФИФА денеска објави дека од 5. јули стартува новата, трета, фаза од продажбата влезници за Светското првенство, кое од 21. ноември до 18. декември ќе се одржи во Катар.

Оваа продажба, која ќе биде отворена во 11 часот на веб страницата на ФИФА, а ќе заврши на 16. август во истото време, овој пат ќе биде организирана по принципот „прв дојден, прв услужен“, а не според моделот на жрепка што беше користен во првите две фази.

– Во случај на голема побарувачка ќе биде воспоставен систем на листа со чекање, соопшти ФИФА.

Досега се продадени вкупно 1. 8 милиони влезници за Мундијалот во Катар.