Изложба во спомен на архитектот Душан Грабријан


Во НЛБ Галеријата во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата во спомен на архитектот Душан Грабријан.

– Со своето дело „Македонска куќа или прошетка од старата ориентална до современата европска куќа“, Грабријан ги постави основите за проучување на традиционалната македонска архитектура, наведуваат од Амбасадата на Република Словенија.

Изложбата е во организација на Амбасадата на Република Словенија, студиото КОНТРА и НЛБ Банка.