(Видео) Поплави и одрони во Австрија, загина едно лице


 

Австрија ноќеска беше погодена од силно невреме, а едно лице загина, јавуваат тамошните медиуми. Најлошо помина покраината Корушка, на подрачјето на Филах.

Таму, дури 30 противпожарни единици учествувале во спасување на мештаните, а со кучиња се трага по две исчезнати лица. Загина еден постар човек на возраст од 82 години.

Локалните власти велат дека повеќето луѓе се спасени.

„Луѓето се молат да не излегуваат од дома, ако е можно. Опасноста од одрони е преголема“, наведуваат службите.