Столтенберг: НАТО ќе остане во Украина се додека треба

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вети дека Алијансата ќе ја поддржува Украина се додека е потребно.
„Војната на претседателот Путин против Украина го наруши мирот во Европа“, рече Столтенберг на прес-конференцијата, откако сојузничките лидери ја објавија својата декларација на самитот во Мадрид.
„НАТО одговори со сила и единство. Украина може да смета на нас онолку долго колку што е потребно“, рече тој.