Пендаровски во Мадрид разговараше со Шолц


 

Претседателот Стево Пендаровски денеска на Самитот на НАТО, што се одржува во Мадрид, оствари средба со канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц.

На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу Македонија и Германија во политичко-безбедносната и одбранбената област, како и за состојбата со македонските евроинтеграции, при што соговорниците ги оценија односите меѓу двете држави како пријателски, исполнети со доверба и заемно почитување.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за силната и значајна поддршка од Германија за нашата европска интеграција и отпочнувањето на пристапни преговори со ЕУ.

На средбата се разговараше за безбедноста и стабилноста на земјите од Западен Балкан, во контекст на руската инвазија врз Украина. Претседателот Пендаровски ги истакна македонските позиции за руската воена агресија во Украина потврдувајќи ја цврстата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.