Два нови случаи во Хрватска


  По неколку дена без новозаболени во Хрватска денеска се регистрирани два нови случаи, еден во Загреб, еден во Осиек. „Две новозаболени лица во последните 24 часа. Новите случаи се од Загреб и Осиек. Вкупно до сега се тестирани 69.894 лица, од кои во последните 24 часа 223″, објавија надлежните. Во болница се шест пациенти, …

Два нови случаи во Хрватска Read More »

Осум жртви на Ковид 19, нови 196 случаи, 90 во Скопје


Во последните 24 часа се направени 1.213 тестирања, а регистрирани се 196 нови случаи на Ковид-19. – Скопје 90 – Куманово 17 – Штип 5 – Прилеп 1 – Тетово 45 – Струга 8 – Велес 1 – Битола 4 – Охрид 11 – Гостивар 8 – Крива Паланка 1 – Пехчево 2 – Свети …

Осум жртви на Ковид 19, нови 196 случаи, 90 во Скопје Read More »

Филипче: Шеснаесет медицински сестри од ГАК се во изолација, но не од случајот со родилката


Родилката која беше во Гинеколшко-акушерската клиника, потоа во болницата „Ремедика“, понатаму примена на Инфективната клиника во Скопје и на свое барање согласно состојбата која што тоа го дозволила во лесна состојба таа заминала на домашно лекување. На ГАК 16 медицински сестри се во изолација, но не од овој случај. Од нив поголем дел поминуваат 14 …

Филипче: Шеснаесет медицински сестри од ГАК се во изолација, но не од случајот со родилката Read More »

Забележал човек во пламен на нива во Прилеп


Во петокот, маж кој поминувал крај нива, забележал друг маж во пламен, при што била повикана брза помош, а лицето со изгореници однесено во болница. Имено, во 23.06 часот Ѕ.Н.(54) од Прилеп, пријавил дека во Прилеп, движејќи се по ул. „Димче Антулески”, во обработлива нива на место викано „Козле“, забележал лице кое било во пламен. …

Забележал човек во пламен на нива во Прилеп Read More »

Спасовски: Избори мора да има


Веќе нема потреба од вонредна состојба, и избори мора да има за да се вратат сите институции во полн капацитет затоа што ќе мораме да се справуваме и со пандемијата и со економската криза, изјави денеска во Струмица премиерот Оливер Спасовски. -Во моменти кога не може да се договорат политичките лидери настапуваат институциите на државата. …

Спасовски: Избори мора да има Read More »

На оние кои се премислиле до 30 јули ќе им се врати повратот на ДДВ


Владата не донесе одлука да го замрзне или укине враќањето на повратот на ДДВ, туку напротив во време кога се стимулира потрошувачка беше дадена произволна опција доколку некој смета дека може да се откаже од повратот на ДДВ. На оние што погрешно избрале дека ќе донираат ќе им биде овозможено да кликнат и да кажат …

На оние кои се премислиле до 30 јули ќе им се врати повратот на ДДВ Read More »

Спасовски: Годината ќе биде запаметена по корона кризата, но и по инвестициите во здравствениот систем


Сега имаме ресурси, сериозно надграден здравствен систем во однос на капацитети за сместување, медицинска опрема и знаења на здравствените работници. Имаме капацитет да се справиме и со овој актуелен бран. Од почетокот на кризата со корона вирусот на секој јавен настап повторувам една работа: вирусот ќе го победиме со многу дисциплина и безусловно почитување на …

Спасовски: Годината ќе биде запаметена по корона кризата, но и по инвестициите во здравствениот систем Read More »

Владата затрпана од меилови за платежната картичка, за два дена добиле 20 илјади


Студенти, средношколци, но и граѓани од социјално загрозените групи реагирале дека ги нема на списоците за Домашна платежна картичка. Имало и спротивни примери, на овие списоци да се најдат пензионери кои не се во категориите граѓани кои треба да добијат по 9.000 односно 3.000 денари за купување домашни производи. Министерката за финансии Нина Ангеловска, на …

Владата затрпана од меилови за платежната картичка, за два дена добиле 20 илјади Read More »

Меланија Трамп потпишала подобар пребрачен договор па се преселила во Белата куќа, пишува во новата биографија


САД– Меланија Трамп го одложи доаѓањето во Белата куќа, откако нејзиниот сопруг Доналд Трамп победи на изборите во 2016 година затоа што  преговараше за предбрачниот договор, пишува во новата неавторизирана биографија. Одложувањето откако Трамп беше инаугуриран на почетокот на 2017 година беше официјално објаснето како прва дама која не сакае да го прекине школувањето на …

Меланија Трамп потпишала подобар пребрачен договор па се преселила во Белата куќа, пишува во новата биографија Read More »

Вучиќ под притисок: Неговиот син, наводно, поврзан со мафијата


Српскиот претседател Александар Вучиќ се најде под притисок поради сомнежот дека неговиот син Данило е поврзан со мафијата, пренесе германската агенција ДПА. Најмоќниот политичар во Србија веќе два дена се жали на наводен „лов на вештерки“ против неговиот 22-годишен син. „Моите политички опоненти не можат да ме поразат со идеи и програми, па се обидуваат …

Вучиќ под притисок: Неговиот син, наводно, поврзан со мафијата Read More »

(Видео) По 14 часа изгаснат пожарот на француската нуклеарна подморница


Пожарот што изби на француската нуклеарна подморница, што беше на ремонт во Тулон, изгаснат е по 14 часа. Француската морнарица соопшти дека не постои никаква радиоактивна опасност. Огнот вчера се прошири во предниот дел на подморницата, а беше изгаснат по полноќ, по интервенцијата на сто пожарникари и 150 доброволци. Fire on French submarine FS Perle …

(Видео) По 14 часа изгаснат пожарот на француската нуклеарна подморница Read More »

Армијата се вклучи во тестирањата за Ковид-19


Министерството за здравство информира дека Армијата на Република Северна Македонија со поддршка се вклучи во тестирањето на граѓаните од коронавирусот. Тим од техничкиот персонал од Воено медицинскиот центар почна на терен, во асистенција на екипите од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) да им помагаат при земањето на брисеви за тестирање од вирусот Ковид-19. Со оваа …

Армијата се вклучи во тестирањата за Ковид-19 Read More »

Тексас: Не го пуштиле во ноќен клуб, се вратил со автоматска пушка


Маж кого обезбедувањето во еден ноќен клуб во Сан Антонио, Тексас, не го пуштило да влезе, се вратил со автоматска пушка, јави АП. Тој ранил осуммина, па избегал. Човекот бил во друштво на неколкумина на кои обезбедувањето на ноќниот клуб не им дозволило да влезат. „Зарем не ме препознавате? Јас сум борец на ИФЦ од …

Тексас: Не го пуштиле во ноќен клуб, се вратил со автоматска пушка Read More »

Отпечатени 50 илјади домашни платежни картички, 3.000 веќе доставени до граѓаните


Банките веќе изработиле околу 50.000 картички, а една од банките во текот на вчерашниот ден ја доставила Домашната платежна картичка до 3.000 граѓани, соопшти денес министерката за финансии Нина Ангеловска. Таа рече дека до банките се префрлени 27,8 милиони евра и дека до 18 јули ќе се доделат сите картички кои ќе можат да се …

Отпечатени 50 илјади домашни платежни картички, 3.000 веќе доставени до граѓаните Read More »

Градоначалникот Георгиевски на Инфективна, позитивна на Ковид-19 и една вработена во општината


Општина Гази Баба соопшти дека градоначалникот Борис Георгиевски е згрижен на Инфективната клиника откако му е дијагностициран Ковид-19. Појаснуваат дека поради хронична болка во пределот на бубрезите во понеделникот, по извршен медицински преглед и пропишана лекарска терапија, Георгиевски бил  на домашно лекување и работните обврски ги извршувал од дома, како и преку онлајн платформите за …

Градоначалникот Георгиевски на Инфективна, позитивна на Ковид-19 и една вработена во општината Read More »

Последна отстапка на Заев – избори на 8 јули


Претседателот на СДСМ ја повика опозицијата да биде одговорна и рационална. Доколку има договор, од Владата ќе побара продолжување на вонредната состојба за три дена   Ден по неуспешните разговори во кабинетот на шефот на државата, претседателот на СДСМ, денеска ја претстави последната понуда до опозицијата – избори на 8 јули. Зоран Заев изјави оти …

Последна отстапка на Заев – избори на 8 јули Read More »

Поголемиот дел од тенисерите не се согласуваат да се одржи УС Опен?


До денес, 70 отсто од играчите на АТП не се согласуваат да се одржи УС Опен под услови и ограничувања што организаторите на Гренд слем турнирот во Њујорк планираат да ги наметнат. Така тврди шпанскиот новинар Дани Мише. Против строгите мерки кои организаторите ги наметнуваат веќе се изрази светскиот рекет бр.1, Новак Ѓоковиќ во позадина …

Поголемиот дел од тенисерите не се согласуваат да се одржи УС Опен? Read More »

ДУИ очекува да биде одлучувачки фактор за идниот премиер


ДУИ очекува на претстојните избори да добие поддршка од граѓаните и да биде одлучувачки фактор што ќе преговара за позицијата прв Албанец премиер во државата, изјави денеска министерот Арбер Адеми, говорејќи како претставник на партијата. Адеми забалежа што на вчерашната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски немало претставник на Албанците, што според него, ја потврдува …

ДУИ очекува да биде одлучувачки фактор за идниот премиер Read More »

Ваучери за туризам ќе добијат 117.122 граѓани, платформата „дома си е дома“ активна од денес


Вкупно 117.122 граѓани од денес ќе добијат ваучери за туризам на нивните електронски адреси со што почна да се реализира мерката за развој на домашниот туризам, рече денес на прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши. За оваа мерка се предвидени над 10 милиони евра. „Ваучери за туризам во износ по 6.000 денари ќе добијат …

Ваучери за туризам ќе добијат 117.122 граѓани, платформата „дома си е дома“ активна од денес Read More »

Државата инвестира над два милиона евра во капитални проекти во Гостивар


Од почетокот на годината во општина Гостивар државата инвестирала над два милиона евра во капитални проекти, информираше заменик министерката за финансии Ширет Елези по нејзината посета на Гостивар. Според Елези, најголема вредност имаат инвестициите во локалната патна мрежа. Некои проекти се веќе завршени, а дел треба да бидат бидат закружени до крајот на годината. – …

Државата инвестира над два милиона евра во капитални проекти во Гостивар Read More »