Тексас: Не го пуштиле во ноќен клуб, се вратил со автоматска пушка


Маж кого обезбедувањето во еден ноќен клуб во Сан Антонио, Тексас, не го пуштило да влезе, се вратил со автоматска пушка, јави АП.
Тој ранил осуммина, па избегал.
Човекот бил во друштво на неколкумина на кои обезбедувањето на ноќниот клуб не им дозволило да влезат.
„Зарем не ме препознавате? Јас сум борец на ИФЦ од Калифорнија“, рекол еден од групата, а потоа отрчал до автомобилот, зел автоматска пушка и почнал да пука на паркингот на клубот.
Според началникот на полицијата, во пукањето ранети се пет жени и тројца мажи, на возраст од 21 до 43 години, а најтешко едно лице погодено во грб.