Вучиќ под притисок: Неговиот син, наводно, поврзан со мафијата


Српскиот претседател Александар Вучиќ се најде под притисок поради сомнежот дека неговиот син Данило е поврзан со мафијата, пренесе германската агенција ДПА.

Најмоќниот политичар во Србија веќе два дена се жали на наводен „лов на вештерки“ против неговиот 22-годишен син.

„Моите политички опоненти не можат да ме поразат со идеи и програми, па се обидуваат психички да ме скршат напаѓајќи го моето семејство“, се пожали Вучиќ на државната телевијза ТВ Прва.

Новинарка од независниот истражувачки портал „Крик“ го фотографираше Данило Вучиќ минатата среда во белградски локал во друштво со познат фудбалски хулиган.

Тие го гледале дербито Црвена звезда – Партизан.

Младиот Вучиќ виден е до Александар Видоевиќ барем три пати во минатото. Траат полисиските истраги за наводната пропадност на Видоевиќ на црногорски мафијашки клан кој делува на меѓународно ниво.

Видоевиќ ја води навивачката група на Партизан – „Јаничари“, која редовно се поврзува со насилство и вандализам.

Претседателот Вучиќ го бранеше Видоевиќ.

„Тоа момче никогаш не било обвинето за дела поврзани со дрога, само за тепачка, но никогаш не е осуден ни за тоа“, рече Вучиќ во долгото телевизиско интервју.

Парламентарните и локални избори треба да се одржат на 21 јуни во Србија, а партијата на Вучиќ е фаворит.

Дел од опозицијата ги бојкотира изборите. Критичарите го обвинуваат Вучиќ за репресија и злоупотреба на власта со што ја елиминирал можноста на слободни избори.

Со оглед на тоа дека Вучиќ ги контролира повеќето медиуми, не се очекува аферите на син му да му наштетат во политиката.