Забележал човек во пламен на нива во Прилеп


Во петокот, маж кој поминувал крај нива, забележал друг маж во пламен, при што била повикана брза помош, а лицето со изгореници однесено во болница.
Имено, во 23.06 часот Ѕ.Н.(54) од Прилеп, пријавил дека во Прилеп, движејќи се по ул. „Димче Антулески”, во обработлива нива на место викано „Козле“, забележал лице кое било во пламен.
Лицето се здобило со изгореници, по што било пренесено во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и било констатирано дека станува збор за Р.А.(39) од Прилеп.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.