Два нови случаи во Хрватска


 

По неколку дена без новозаболени во Хрватска денеска се регистрирани два нови случаи, еден во Загреб, еден во Осиек.

„Две новозаболени лица во последните 24 часа. Новите случаи се од Загреб и Осиек. Вкупно до сега се тестирани 69.894 лица, од кои во последните 24 часа 223″, објавија надлежните.

Во болница се шест пациенти, а нема на респиратор. Вкупно оздравени се 2.134, а починати 107.

Заболениот од Осиек неодамна се вратил од Австрија, по што бил во самоизолација, а тестиран е пред повторно заминување за Австрија.

Едно лице кое било во контакт со новозаболениот е во самоизолација.