(Видео) По 14 часа изгаснат пожарот на француската нуклеарна подморница


Пожарот што изби на француската нуклеарна подморница, што беше на ремонт во Тулон, изгаснат е по 14 часа. Француската морнарица соопшти дека не постои никаква радиоактивна опасност.

Огнот вчера се прошири во предниот дел на подморницата, а беше изгаснат по полноќ, по интервенцијата на сто пожарникари и 150 доброволци.

По избивање на огнот подморницата беше евакуирана, така што никој не е повреден во пожарот.

Подморницата „Перл“ е една од шесте француски нуклеарни подморници и е во функција од 1993 година. Подморницата  е на ремонт во Тулон од јануари, а за нејзина модернизација потребни се околу 18 месеци.