Поголемиот дел од тенисерите не се согласуваат да се одржи УС Опен?


До денес, 70 отсто од играчите на АТП не се согласуваат да се одржи УС Опен под услови и ограничувања што организаторите на Гренд слем турнирот во Њујорк планираат да ги наметнат.

Така тврди шпанскиот новинар Дани Мише.

Против строгите мерки кои организаторите ги наметнуваат веќе се изрази светскиот рекет бр.1, Новак Ѓоковиќ во позадина на пандемијата од корона вирус.

Србинот пред неколку дена отворено изјави дека сериозно размислува да го пропушти УС Опен, ако тој се одржи воопшто.