(Видео) Стотици Срби против мерките на Вучиќ – влегоa во Парламентот


Србија-Стотици граѓани на Србија се собраа кај зградата на српскиот парламент по објавата на претседателот Александар Вучиќ дека се враќаат драстичните мерки кои вклучуваат враќање на повеќедневниот полициски час и забрана за собири повее од пет луѓе на затворено и на отворено. Граѓаните го сопреа сообраќајот покрај платото пред Народното собрание на Србија. Луѓето извикуваат …

(Видео) Стотици Срби против мерките на Вучиќ – влегоa во Парламентот Read More »

Најпознатиот епидемиолог во Србија вели дека на 2 јули не починале 6, туку 52 лица


Името на д-р Зоран Радовановиќ во Србија се изговара со почит. Денес пензионираниот професор на Медицинскиот факултет во Белград се смета за еден од најистакнатите експерти од областа на епидемиологијата и превентивната медицина. И, кога таков експерт вели дека бројот на починати од Ковид-19 е фалсификуван во Србија, тогаш треба да обрнеме внимание на тоа. …

Најпознатиот епидемиолог во Србија вели дека на 2 јули не починале 6, туку 52 лица Read More »

Компанијата „Новавакс“ доби 1,6 милијарда долари за создавање вакцина против корона вирус


Американската биотехнолошка компанија „Новавакс“ (Novavax)  од Владата на САД доби 1,6 милијарда долари за разработка и комерцијализација на вакцина против коронавирусот, соопштија денеска од компанијата. Грантот е во рамки на владината програмата „Ворп спид“ за создавање милиони дози безбедна и ефективна вакцина против новиот коронавирус. Се дознава дека очекувањата се компанијата да произведе околу 100 милиони дози од вакцината до јануари 2021 година. Вакцината …

Компанијата „Новавакс“ доби 1,6 милијарда долари за создавање вакцина против корона вирус Read More »

Просечната возраст на заболените од Ковид-19 во САД сега е за 15 години помала од пред неколку месеци


Новозаболените од коронавирус во САД сега се во просек за 15 години помлади од пациентите во раните фази на пандемија, потврди главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи, имајќи ги предвид податоците за пациентите од Калифорнија, Аризона, Флорида и Тексас. Повеќето од новите случаи се млади луѓе кои не ги почитувале мерките за социјална дистанца, пренесува Би-Би-Си. …

Просечната возраст на заболените од Ковид-19 во САД сега е за 15 години помала од пред неколку месеци Read More »

Како светот го пропушти тивкото ширење на корона вирусот (3)


Пренесувањето без симптоми ја прави борбата против корона вирусот многу потешка. Но, здравствените функционери со месеци го отфрлаа тој ризик, притискајќи за погрешни и контрадикторни тврдења, во време кога доказите дека луѓето без никакви симптоми се едни од главните преносители стануваа сѐ поголеми. Ова извонредно истражување на „Њујорк тајмс“ ја пренесува борбата на научниците за …

Како светот го пропушти тивкото ширење на корона вирусот (3) Read More »

Бројот на новозаразените во Израел се зголемува со ракетна брзина – денеска 1.137


Министерството за здравство на Израел во вторникот вечерта објави нови бројки кои покажуваат 1.137 инфекции со корона вирус потврдени изминатиот ден, во најголемиот 24-часовен извештај од почетокот на епидемијата во Израел. Новите случаи го донесоа бројот на вкупно потврдени случаи на 31.886. Министерството за здравство, исто така, објави четири нови смртни случаи, со што бројката …

Бројот на новозаразените во Израел се зголемува со ракетна брзина – денеска 1.137 Read More »

Зибери ќе ја прави Струга уште попривлечен туристички град


Кандидатот на ДУИ за премиер Насер Зибери и носителот на листата на кандидати за пратеници на оваа партија во ИЕ 5, Талат Џaфери, денеска ги посетија Струга, Дологожда, Ливада, Велешта, Лабуништа и Радолишта. За време на посетата во Струга, Зибери се сретна со граѓаните на ова општина каде разговараше за потребите и идеите на жителите …

Зибери ќе ја прави Струга уште попривлечен туристички град Read More »

Николоски не го разбира Заев зошто се радува на поздравот од Ципрас


Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 4, Александар Николоски, реагира тоа што социјалдемократите се радуваат на поздравот од поранешниот грчки премиер Алексис Цирас, кој ги повика македонските граѓани да гласаат за СДСМ. „Се радуваат на поздравот од Алексис Ципрас. Испрати Алексис Ципрас поздрави и ги повикува замислете македонските граѓани да гласаат за оние …

Николоски не го разбира Заев зошто се радува на поздравот од Ципрас Read More »

Заев од Гостивар: Овој град е извор на концептот едно општество за сите


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва им оддаде почит на гостиварци велејќи дека нивниот град  бил изворот на концептот едно општество за сите. „Тој дух на Гостивар го потврдуваме низ целата држава“, рече Заев на граѓанска трибина во Гостивар. „Гостивар отсекогаш бил пример за мултиетничноста, пример на единство и сплотеност. Тоа е иднината, тоа единство …

Заев од Гостивар: Овој град е извор на концептот едно општество за сите Read More »

Србија го враќа полицискиот час, од утре забрана за собирање на повеќе од пет лица


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави попладнево дека состојбата во Белград е алармантна поради корона вирусот и дека од утре почнува да важи забрана за какво било собирање на повеќе од пет лица во затворено и на отворено, а од петок до понеделник ќе се воведе полициски час. Обраќајќи се на јавноста, Вучиќ истакна дека денес, …

Србија го враќа полицискиот час, од утре забрана за собирање на повеќе од пет лица Read More »

Зошто Путин треба да се плаши од Белорусија


ВЛАДИСЛАВ ИНОЗЕМЦЕВ Владимир Путин од доаѓањето на власт ги пресликуваше авторитарните чекори на Александар Лукашенко. Цврстата рака во Белорусија беше модел за цврстата рака во Русија. Но на изборите на 9 август победата на Лукашенко не е воопшто сигурна, во анкетите тој е трет. Корона кризата промени сѐ во Белорусија   Претседателот Александар Лукашенко владее …

Зошто Путин треба да се плаши од Белорусија Read More »

Мицкоски: Ова е избор на доброто или на злото


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес заедно со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на кандидати за пратеници на коалицијата предводена од оваа партија во изборната единица 3, Игор Јанушев ја посетија општина Лозово. При посетата Мицкоски истакна дека доколку граѓаните гласаат за СДСМ ќе гласаат за криминал, рекет и сиромаштија, а доколку …

Мицкоски: Ова е избор на доброто или на злото Read More »

Царовска: Ова е истото ВМРО што носеше закони ноќе


Имате рециклирани кадри на Груевски, самиот Мицкоски е кадар на Груевски. Тоа што го нуди ВМРО ДПМНЕ во програмата е нешто кое веќе е реализирано од наша страна, но тоа се должи на нивното незнаење и на фактот дека немале што да напишат, изјави потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска во емисијата „Само вистина“ на Канал …

Царовска: Ова е истото ВМРО што носеше закони ноќе Read More »

Спасовски најавува поголема социјална помош


Со новата развојна економија ќе има и повисоки плати и пензии и уште поголема социјална поддршка за граѓаните, изјави носителот на листата на кандидати за пратеници на коалицијата „Можеме“ во ИЕ 2, Оливер Спасовски. – Најавуваме повисока социјална помош за 34.000 домаќинства, детски додаток за 65.000 деца, изградба на 777 социјални станови низ целата држава. …

Спасовски најавува поголема социјална помош Read More »

Кичево добива модерна болница и кадровскo зајакнување


Во овој момент во Кичево нема невработен доктор на медицина, што мислам дека е еден одличен резултат на оваа политика на инвестиција во млади лекари и медицински сестри, со цел да не заминуваат од земјава, туку иднината да ја бараат тука. Имајќи ги во предвид и другите мерки, кои како Министерство ги имплементиравме во изминатите …

Кичево добива модерна болница и кадровскo зајакнување Read More »

Во Словенија откриени затајувања на данок во вредност од 38 милиони евра


Љубљанската полиција денеска ги објави резултатите од двете успешни долгогодишни меѓународни истраги, во кои се откриени затајувања на данок со вкупна вредност од 38 милиони евра. Една од истрагите се однесувала на трговија со електронска опрема, во која учествувале компании од повеќе европски земји, а во другиот случај станува збор за трговија со отпаден метал. …

Во Словенија откриени затајувања на данок во вредност од 38 милиони евра Read More »

Во сите општини услугите ќе може да се плаќаат со картички – треба да набават ПОС терминали


Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за поттикнување на безготовинските плаќања кај единиците на локалната самоуправа, и донесе заклучок на сите единици на локалната самоуправа кои досега немаат воведено ПОС терминали за наплата на општинските услуги, да ја воведат оваа опција за плаќање на нивните услуги најдоцна во рок од една година …

Во сите општини услугите ќе може да се плаќаат со картички – треба да набават ПОС терминали Read More »

Црногорците го прекинаа фудбалското првенство поради коронавирусот


Членовите на Извршниот одбор го усвоија предлогот за прекин на натпреварите организирани од Фудбалската федерација на Црна Гора – Телеком 1. ЦФЛ, Втора лига, младинска лига, кадетска лига, Куп на Црна Гора и женската фудбалска лига и сите натпреварувања на Здружението на клубови ФСЦГ (Југ, Центар и Север). – Резултатите постигнати до моментот на завршувањето …

Црногорците го прекинаа фудбалското првенство поради коронавирусот Read More »

Политичарите на билбордите сериозни, на митинзите опуштени : Секој моден гаф како несоодветен збор


Лејла Сабит   На билбордите како господа и дами не гледаат сериозно или со блага насмевка на секое ќоше, низ цела Македонија. Како да ги облекол стилист, а ги нашминкал врвен мејк-ап артист или фризер. Смели вратоврски, смел кармин. Кандидат(к)ите за пратеници и премиери на парламентарните избори на митинзите, средбите со граѓаните или на домашните селфија …

Политичарите на билбордите сериозни, на митинзите опуштени : Секој моден гаф како несоодветен збор Read More »

Филипче: Службено возило сум користел само за работни обврски во Министерството


Ниту пред, ниту по Штип не сум користел службено возило за никакви други цели освен за работните обврски во Министерството, вели министерот за здравство Венко Филипче, во врска со приговорот на ВМРО-ДПМНЕ до Државната комисија за спречување на корупција за наводна злоупотреба на службено возило на Министерството за здравство за партиски. Во својата реакција министерот …

Филипче: Службено возило сум користел само за работни обврски во Министерството Read More »