Николоски не го разбира Заев зошто се радува на поздравот од Ципрас

Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 4, Александар Николоски, реагира тоа што социјалдемократите се радуваат на поздравот од поранешниот грчки премиер Алексис Цирас, кој ги повика македонските граѓани да гласаат за СДСМ.

„Се радуваат на поздравот од Алексис Ципрас. Испрати Алексис Ципрас поздрави и ги повикува замислете македонските граѓани да гласаат за оние кои што го сменија името. Јас Ципрас го разбирам, ќе остане запаметен веројатно во грчката историја како еден од најпозитивните ликови во делот на националните интереси на Грција. Веројатно името ќе му го запишат со златни букви во грчката историја затоа што успеа да го постигне тоа што ниту еден грчки премиер пред него не успеа да го постигне а тоа е д го промени името на оваа држава. Ама нашите овде од СДСМ и од кај Заев да се радуваат на тој поздрав, да се радуваат тој што ги поздрави, тој пред којшто потпишаа дека капитулираат, па јас мислам дека нема поголемо национално предавство и национален срам“, вели Николоски.

Според него, да е трагедијата поголема, Ципрас цитира песни од Блаже Конески во коишто зборува за смеченото, за згазеното семе, и за глувото семе коешто ‘рти низ Македонија.

„Тие стихови имаат многу симболика, тие во себе во суштина говорат за таквите какви што не сакаме да владеат за Македонија какви што за жал владеат во овие три години. Но, да се радуваат на тоа да го пуштаат по сите портали, по сите телевизии, да го пуштат спонзорирано на Фејсбук и на останатите социјални медиуми јас не можам да кажам ништо друго освен дека со врвни предавници имаме работа за жал почитувани пријатели“, вели Николоски.

Тој потенцира дека на тоа ќе стават крај на 15 јули. Николоски ги поздрави Зоран Заев и Никола Димитров, цитирајќи ја песната „Молитва“ од Блаже Конески.