(Видео) Стотици Срби против мерките на Вучиќ – влегоa во Парламентот


Србија-Стотици граѓани на Србија се собраа кај зградата на српскиот парламент по објавата на претседателот Александар Вучиќ дека се враќаат драстичните мерки кои вклучуваат враќање на повеќедневниот полициски час и забрана за собири повее од пет луѓе на затворено и на отворено.

Граѓаните го сопреа сообраќајот покрај платото пред Народното собрание на Србија. Луѓето извикуваат „Вучиќ крадец“, „Вучиќ пе..р“, „Оставки“, „Предавство“, свират, а некои тропаат по тенџериња. На демонстрациите се појави и полицијата, а граѓаните наизменично пропуштаат возила. Некои викаат и „Косово е срцето на Србија“, „Не сакаме мигранти“.

Околу 22.10 часот, демонстрантите тргнаа кон зградата на Парламентот. Nа платото пред зградата запалија факли и се обидоа да влезат во зградата.

Пред самиот влез е оклопна полиција.

Окако влегоа внатре, полицијата со пендарци ги исфрла демонстрантите надвор од зградата, јави Нова.рс.

Демонстранти се судрија вечерва со полицијата во обид да влезат во Собранието на Србија. Според белградски медиуми, пред Парламентот е хаос – демонстрантите фрлаат со шишиња и камења, а полицијата според Н1 најверојатно употреби солзавец за да ја растера топлата.

Демонстрантите извикуваат навреди кон претседателот на државата Александар Вучиќ.

Поранешниот пратеник на Двери, Срѓан Ного, за телевизијата Н1 изјави дека не знае чии приврзаници се собрани и дека „овде треба да се реши еден пациент кој ја уништува целата нација“.

Ного се појави на платото пред Собранието на почетокот на протестот по 20 часот.

Радомир Лазовиќ од иницијативата „Да не го давиме Белград“, изјави дека причина за овој спонтан протест е акумулираното незадоволство од властите во Србија, но нагласи дека неговата организација не повикала на масовни немири поради опасност од коронавирусот.

Српската Народна партија го тужи Вучиќ поради воведување полициски час

Српската Народна партија денеска соопшти дека ќе поднесе тужба против претседателот на Србија, Александар Вучиќ, поради воведување полициски час и ограничувања на слободата на движење на граѓаните.

– Вучиќ прогласи победа над короната, а сега повторно не заклучува сите во куќен притвор и има намера да ја наметне одговорноста кон граѓаните на Србија по којзнае кој пат. Тој ги заведе граѓаните и ги загрози нивните животи со неговите лажни избори, се наведува во соопштение на Народната партија.

Тие ги повикаа симпатизерите утре попладне да протестираат против воведувањето на полициски час

https://www.facebook.com/nova.rs.officialpage/videos/2502494143395565/

https://www.facebook.com/nova.rs.officialpage/videos/738897383534539/