Богојески ја поддржа иницијативата на Антикорупциска за закон за потекло на имот


Македонски концепт ја поддржува иницијативата на претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска за донесување на Закон за потекло на имот на сите новоизбрани пратеници во Собранието на Македонија како и именувани министри и високи функционери. Проверка на имотната состојба на политичарите е проект што Македонски концепт ги понуди како дел од носечките столбови 3С за време …

Богојески ја поддржа иницијативата на Антикорупциска за закон за потекло на имот Read More »

Германски матуранти се заразиле со Ковид-19 на одмор во Хрватска


Германските здравствени власти откриле ново жариште на корона вирусот во округот Гепинген, северно од Штутгарт, а се работи за матуранти кои, според германските медиуми, се заразиле додека биле на одмор во Хрватска. Германскиот портал T-online.de јавува дека корона вирусот е потврден кај десет матуранти по враќањето од Хрватска. Матурантите биле на островот Паг, а нивното …

Германски матуранти се заразиле со Ковид-19 на одмор во Хрватска Read More »

Помагал на екипа на ЕВН, Вардар го однел и него и возилото


  Во четвртокот, во 14.47 часот во СВР Велес било пријавено дека во с.Белештевица, велешко, на место викано „Лавчани“, при обид на С.Н. со трактор да извлече возило во кое се наоѓала екипа на ЕВН, која отстранувала претходно настанат дефект, од надојдена вода С.Н. и возилото на ЕВН биле однесени кон Вардар. При пребарување на …

Помагал на екипа на ЕВН, Вардар го однел и него и возилото Read More »

Синот го нашол таткото обесен во Скопско, уште еден обесен покрај Вардар


  Во четовртокот, во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во скопско село 27-годишно лице во гаража го пронашло обесен неговиот 51-годишен татко. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. …

Синот го нашол таткото обесен во Скопско, уште еден обесен покрај Вардар Read More »

Снаа од Косово избегала со детето од Лојане


Во четвртокот, во 11.30 часот во СВР Куманово, С.Р.(49) од село Лојане, Липково, пријавила дека нејзината снаа А.С.(21) од Р.Косово, со привремен престој во Куманово, се оддалечила од семејната куќа, заедно со нејзиното двегодишно дете. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Уште 62 новозаболени со Ковид-19 во Хрватска


  Во изминатите 24 часа во Хрватска потврдени се 62 нови случаи со корона вирус, со што бројот на активни случаи порасна на 553. Изминатиот ден тестирани се 1.093 примероци, пренесе Index.hr. Во болница се лекуваа 122 пациенти, од кои седум на респиратор. Од почетокот на епидемијата во Хрватска забележани се 5.466 случаи со корона …

Уште 62 новозаболени со Ковид-19 во Хрватска Read More »

Граничниот премин „Евзони“ потполно затворен за влез во Македонија


Министерството за внатрешни работи  ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Богородица“ од страна на грчката гранична служба од граничниот премини „Евзони“, информирани сме дека  за влез во Република Грција почнувајќи од денеска 07.08 (петок) во периодот од 22.00 до 06.00 часот (по македонско време) воопшто нема да се пропуштаат патници, патнички …

Граничниот премин „Евзони“ потполно затворен за влез во Македонија Read More »

КСС бара невработените да не плаќаат струја и вода


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) бара сите невработени лица да се ослободат од плаќање на режиските трошоци за струја и вода. Во денешното соопштение, КСС оценува дека покачувањето на сметките за струја и зголемувањето на акцизата за нафтените деривати директно се на товар на граѓаните. –  Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија бара од државата да …

КСС бара невработените да не плаќаат струја и вода Read More »

Во Србија починаа уште петмина од Ковид-19, новозаразени 276


  Во последните 24 часа во Србија регистрирани се 276 нови случаи со корона вирус, а починаа пет пациенти заболени од Ковид-19. Со ова вкупниот број регистрирани случаи порасна на 27.608. Во последните 24 часа тестирани се 9.922 примероци, или вкупно 733.059. На респиратор се наоѓаат 118 пациенти.

Илче од Охрид, кого го напуштија родителите, од болница заминува во групен дом


По десетина дена лекување на Детската клиника, 11-годишниот Илче од Охрид, кого родителите го напуштија, ја напушта болницата здрав и заминува во мал групен дом. – Илче од Охрид по десетина дена лекување и нега на Клиниката за детски болести успеа со плеснување на рачињата и едно големо браво да се збогува со тимот лекари …

Илче од Охрид, кого го напуштија родителите, од болница заминува во групен дом Read More »

На изборите во Црна Гора само здравите


Граѓаните со право на глас, кои ќе бидат хоспитализирани на денот на изборите на 30 август, поради инфекција со корона вирусот, како и оние во карантин надвор од нивното место на живеење, нема да можат да го остварат своето право на глас, соопшти Државната изборна комисија. Синоќа ДИК едногласно усвои технички препораки за одржување на …

На изборите во Црна Гора само здравите Read More »

До ОЈО Скопје поднесен акт за „бесправно градење“ кај „Мавровка“


Министерството за внатрешни работи информира дека по исрцпување на сите истражни мерки и активности во насока на откривање и документирање на кривично-правниот настан во реонот на Трговскиот центар „Мавровка“, денеска од страна на СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал до Основното јавно обвинителство Скопје беше поднесен соодветен акт од сите досега преземени …

До ОЈО Скопје поднесен акт за „бесправно градење“ кај „Мавровка“ Read More »

СЗО апелира за итна помош од 15 милиони долари за Либан


Светската здравствена организација (СЗО) апелира за помош од 15 милиони американски долари за покривање на итните здравствени потреби на Либан, по катастрофалната експлозија во пристаништето во Бејрут, во услови на економска криза и пораст на случаи со коронавирус. Експлозијата, во која загинаа повеќе од 150, а беа повредени повеќе од 5.000 лица, исто така уништи …

СЗО апелира за итна помош од 15 милиони долари за Либан Read More »

Општините од крајниот Исток даваат пари на семејства со деца за подобрување на демографската слика


Парични средства за секое новороденче, субвенционирање на идните првачиња и средношколци и поддршка за самохраните родители. Ова е само дел од стратегијата на општините од крајниот Исток за подобрување на демографската слика на населението. Една од тие општини е и Општина Берово која годинава ги зголеми средствата за поддршка на секое новороденче, а ќе ги …

Општините од крајниот Исток даваат пари на семејства со деца за подобрување на демографската слика Read More »

БИРН: СДСМ победи во Твитер војната на изборите


Словенија– Доколку изборите во земјава од 15 јули се базираа на бројот на објавени твитови, тогаш владејачката коалиција „Можеме“, предводена од СДСМ, ќе требаше да освои двојно повеќе пратеници од главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, оценува БИРН во анализата за користењето на социјалните мрежи во предизборната кампања. Сепак, како што се потенцира во текстот, она што …

БИРН: СДСМ победи во Твитер војната на изборите Read More »

В понеделник авионско прскање против комарци во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека четвртата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 10.08.2020 година (понеделник), во раните утрински часови. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат …

В понеделник авионско прскање против комарци во Скопје Read More »

На тренинг почина 27 годишниот кошаркар на Црвена звезда Мајкл Оџо


Нигериски кошаркар кој пристигна во Србија во 2017 година почина од срцев удар, јавија српските медиуми. Трагичниот настан се случил на тренингот на кој Оџо се подготвувал за новата сезона, при што колабирал и починал. Според неофицијални информации, кошаркарот починал на лице место. Оџо играше за државниот колеџ во Флорида, а пристигна во Србија во …

На тренинг почина 27 годишниот кошаркар на Црвена звезда Мајкл Оџо Read More »

Задолжително носење заштитни маски на отворено во делови на Марсеј


Во делови на Марсеј, втор по големина град во Франција, од утре до 30 август ќе биде задолжително да се носат заштитни маски на отворено, за да се спречи ширењето на коронавирусот, соопштија денеска локалните власти. Франција во изминатите 10 дена бележи пораст на бројот на новозаразени со коронавирусот, а се очекува и Париз да …

Задолжително носење заштитни маски на отворено во делови на Марсеј Read More »

Бугарија забележа 297 нови случаи со корона вирус


Во Бугарија во последното деноноќие забележани се нови 297 случаи со корона вирус, со што вкупниот број заболени порасна на 13.014, објавија денеска бугарските власти. Најмногу заболени има во Софија, потоа во Пловдив и Добриќ, пренесе БТЗ. Меѓу новозаболените се и 12 медицински работници. Во моментот во Бугарија има 5.205 активни случаи, а во болница …

Бугарија забележа 297 нови случаи со корона вирус Read More »

Во БиХ 282 нови заразени, починаа деветмина


  Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се нови 282 случаи на заразени со кроона вирус, а починаа девет пациенти. Од новите 282 случаи, 198 се во Федерацијата БиХ, а 84 во Република Српска. Во Федерацијата тестирани беа 759 примероци, а во РС 292, пренесе Klix.ba. Досега во Федерацијата потврдени се 8.026 …

Во БиХ 282 нови заразени, починаа деветмина Read More »