На изборите во Црна Гора само здравите


Граѓаните со право на глас, кои ќе бидат хоспитализирани на денот на изборите на 30 август, поради инфекција со корона вирусот, како и оние во карантин надвор од нивното место на живеење, нема да можат да го остварат своето право на глас, соопшти Државната изборна комисија.

Синоќа ДИК едногласно усвои технички препораки за одржување на избори заради епидемиолошка заштита на гласачите.

Според портпаролот Мерсудин Даутовиќ, тие се свесни дека тоа не е во согласност со уставно загарантирано право, но заради епидемиолошкиот ризик требало да се донесе таква одлука.

После долгата работа околу техничките препораки за одржување избори и за епидемиолошка заштита на гласачите и консултации со НКТ и Институтот за јавно здравје, Државната изборна комисија ги донесе синоќа. И тоа, како што вели портпаролот Мерсудин Даутовиќ, едногласно.

„Целта на препораките е да се заштити здравјето на граѓаните на Црна Гора, односно гласачите, на сите учесници во изборниот процес“, рече Даутовиќ за ТВЦГ.

Она што најмногу го привлече вниманието и на ДИК и на јавноста беше прашањето како ќе гласаат луѓето со Ковид-19.

„Лицата во самоизолација, позитивни и негативни, ќе можат да го остварат своето право на глас во согласност со законот за избор на советници и пратеници и правилата за гласање со писмо. Со дополнителни мерки на епидемиолошка заштита “, наведува Даутовиќ.