На тренинг почина 27 годишниот кошаркар на Црвена звезда Мајкл Оџо


Нигериски кошаркар кој пристигна во Србија во 2017 година почина од срцев удар, јавија српските медиуми.

Трагичниот настан се случил на тренингот на кој Оџо се подготвувал за новата сезона, при што колабирал и починал. Според неофицијални информации, кошаркарот починал на лице место.

Оџо играше за државниот колеџ во Флорида, а пристигна во Србија во ФМП во 2017 година, откако не беше избран во НБА драфтот, а последните две сезони играше за Црвена звезда.

Оџо беше миленик на навивачите на црвено-белите, а со Црвена звезда ги освои АБА Супер Купот 2018 и КЛС Суперлигата и АБА лигата една година подоцна, пишува „Блиц“.

Нему летово му завршил договорот со Црвена звазда, а се зборуваше дека наскоро треба да потпипе за Игокеа.