Најмалку 15 лица загинаа при принудно слетување на авион во Индија


Најмалку 15 лица загинаа, а десетици се повредени кога авион на „Ер Индија“ со 191 патници принудно слетал на аеродромот Каликут во индискиот град Керала. Според локалните медиуми, авионот што доаѓал од Дубаи се лизнал од пистата и се преполовил, а несреќата се случила во време кога во тој дел на Индија врнел силен дожд. Началникот на полицијата во државата Керала изјави дека …

Најмалку 15 лица загинаа при принудно слетување на авион во Индија Read More »

Хоџа: Ако сите албански партии сакаат да се во Владата, БЕСА ќе биде опозиција


Ако сите албански партии сакаат да бидат дел од Владата, јас би лобирал со целосно убедување во политичкиот субјект каде што работам, движењето БЕСА и покрај фактот дека ние сме победници и обезбедивме мандат преку коалицијата „Можеме”, да се разгледа можноста со нашите пратеници да преминеме во опозиција, напиша Аријанит Хоџа, генерален секретар на Движењето …

Хоџа: Ако сите албански партии сакаат да се во Владата, БЕСА ќе биде опозиција Read More »

Гаши е оптимист дека ќе се направи Влада, очекува да биде дел од неа


Претседателот на Алтернатива Африм Гаши е оптимист дека ќе се формира нова влада и пред истекот на 20те дена по доделувањето на мандатот, како и дека нивната коалиција со Алијансата за Албанците ќе биде дел од неа. -Сепак, до мандатарот е и до бројките. Би сакал тоа да се ние, но не сме во позиција …

Гаши е оптимист дека ќе се направи Влада, очекува да биде дел од неа Read More »

Во САД, во јули отворени 1,8 милиони работни места, помалку од мај и јуни


Економијата на САД во јули создала 1,8 милиони работни места, што е назадување по мајските и јунските показатели и сведочи за тоа дека обновената пандемија го намалува темпото на вработувањата, но и на економскиот подем во целина, се дознава од денешниот извештај за состојбите со вработеноста на Министерството за труд. Во многу делови на САД бројот на …

Во САД, во јули отворени 1,8 милиони работни места, помалку од мај и јуни Read More »

Џорџ и Амал Клуни донираа 100 илјади долари за жртвите во Бејрут


САД- Една од најпознатите Либанки во светот на шоубизнисот е Амал Клуни (36), адвокат за човекови права и сопруга на оскаровецот Џорџ Клуни (53). -Двајцата сме загрижени за граѓаните на Бејрут поради разорувањата во изминативе денови. Пронајдовме три добротворни организации кои помагаат на теренот: Црвениот кртс на Либан, Impact Lebanon и Baytna Baytak. Ќе им …

Џорџ и Амал Клуни донираа 100 илјади долари за жртвите во Бејрут Read More »

„Одиме на Охридско море“, нова песна на „Ласт експедишн“ (видео)


Македонскиот рок-бенд „Ласт експедишн“ ја објави својата нова песна под наслов „Одиме на Охридско море“. Станува збор за четврти сингл на бендот, како најава за нивниот четврти студиски албум, што треба да излезе до крајот на оваа 2020 година. „Сингловите ‘Hey Ho’, ‘Срце со себе’ и новата верзија на ‘Шефе’, снимена со пријателите и фановите …

„Одиме на Охридско море“, нова песна на „Ласт експедишн“ (видео) Read More »

Крф и Халкидики меѓу новите жаришта на корона вирусот во Грција


  Итни „пилот мерки“ се во сила од петокот во Атина, Акавала, Александрополи и на островот Порос, како резултат на зголемувањето на бројот на пациенти со корона вирус само на тие места. Овие строги мерки се проба за мерките што ќе се применуваат во голем број други области, каде расте и бројот на заболени од …

Крф и Халкидики меѓу новите жаришта на корона вирусот во Грција Read More »

Deeper underground festival од Охрид се сели во Скопје


Deeper underground festival, кој требаше да се одржи во Охрид, се сели во Скопје, соопштија од „Авалон продукција“. Фестивалот ќе се одржи на 15 и 16 август на просторот на „А1 арената“ на отворено, а настапот на Meduza е откажан. „Историски тешки времиња бараат историски напори, но се надеваме дека сето тоа ќе резултира со …

Deeper underground festival од Охрид се сели во Скопје Read More »

И во Италија ново жариште на коронавирус по враќањето на тинејџери од Хрватска


Две 18-годишни девојки се вратиле во италијанскиот град Падова заразени со коронавирусот по летен одмор во Хрватска, поради што 24 матуранти од провинцијата Венето ќе бидат во изолација, јавија денеска италијанските медиуми. Тие биле на матурска екскурзија на Паг, а сите од класот кои отишле на патувањето ќе треба да бидат тестирани за вирусот ковид-19, пренесува Кориере …

И во Италија ново жариште на коронавирус по враќањето на тинејџери од Хрватска Read More »

В недела во Крушево ќе се одржи првиот пливачки маратон „Тоше Проески“


Пливачкиот Клуб „Вардар 2018“, со поддршка на Општина Крушево, во недела, на 9 август, ќе го организира Првиот крушевски маратон кој го носи името на Тоше Проески. Маратонот ќе се одржи на Крушевското Езеро. Ќе почне во 11 часот, а должината што ќе ја пливаат учесниците е 2,5 километри. Според објавата на пливачкиот клуб „Вардар …

В недела во Крушево ќе се одржи првиот пливачки маратон „Тоше Проески“ Read More »

Вашингтон воведе санкции за премиерката на Хонгконг


Вашингтон денес објави воведување санкции против 11 официјални претставници на Хонгконг, вклучувајќи ја и премиерката Кери Лам, обвинувајќи ги дека настојуваат да ја ограничат автономијата на таа територија, како и „слободата на изразување и собирање“ на нејзините граѓани. „Соединетите Држави ги поддржуваат луѓето во Хонгконг и ние ќе ги искористиме нашите ресурси и нашите овластувања …

Вашингтон воведе санкции за премиерката на Хонгконг Read More »

Авион со 190 патници излета од писта во Индија и се преполови


Авион на „Ер Индија експрес“ со 191 патник од Дубаи се излизга од пистата и се преполови на аеродромот „Кожикоде“ во Керала, Индија.  Според првичните информации, загинале пилотот и двајца патници. Според Асошиетед Прес вкупно 14 лица загинале а 123 се повредени.Лошото време   било главната причина за несреќата. Станува збор за Боинг 737.

ДУИ и СДСМ договориле принципи за коалиција


Од ДУИ брифираа попладнево дека генералните секретари на СДСМ и ДУИ, Љупчо Николовски и Артан Груби, ги договориле принципите на соработка меѓу двете партии. Според ДУИ, блиску се до договор за заедничка влада, но работата не е завршена се уште. „Имавме конструктивна дискусија за потврда на заложбите на сите граѓани на Република Северна Македонија за …

ДУИ и СДСМ договориле принципи за коалиција Read More »

Трамп забрани соработка со сопствениците на ТикТок


Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша наредба со која се забрануваат какви било трансакции со сопствениците на кинеските компании кои ги поседуваат апликациите ТикТок и WeChat, а таа ќе стапи на сила за 45 дена. Наредбите дојдоа во моментот додека администрацијата на Трамп тврди дека ги засилува напорите за чистење на „несигурните“ кинески апликации од американските …

Трамп забрани соработка со сопствениците на ТикТок Read More »

Рекорден број новозаразени со корона вирус во Албанија, се вработува дополнителен медицински кадар


Во Албанија забележан е нов негативен рекорд на позитивни случаи на Ковид-19 во едно деноноќие, од почетокот на пандемијата на деветти март кога болеста беше дијагностицира кај татко и син по нивното враќање од Италија. Според Министерството за здравство и социјална заштита од направен 586 тестови во последното деноноќие, позитивен резултат е добиен кај 135 лица, што …

Рекорден број новозаразени со корона вирус во Албанија, се вработува дополнителен медицински кадар Read More »

Нови 155 случаи со Ковид-19, двајца починати, оздравени 127 пациенти


Во последните 24 часа се направени 1.845 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на Kовид-19 во: -Скопје 51 -Куманово 11 -Дебар 2 -Штип 13 -Прилеп 4 -Тетово 10 -Струга 3 -Битола 1 -Охрид 6 -Кавадарци 14 -Гостивар 22 -Гевгелија 1 -Пробиштип 1 -Демир Хисар 4 -Македонски Брод 5 -Виница 2 -Кичево 3 -Неготино 2 …

Нови 155 случаи со Ковид-19, двајца починати, оздравени 127 пациенти Read More »

Македонија во третиот степен на препорака за патување на Стејт Департментот 


Американскиот Стејт департмент синоќа го укина четвртиот степен на препорака за патување во странство за најголем број земји, кое е највисоко предупредување до американските државјани да се воздржат од секакви патувања надвор од САД. Исто како и голем дел од земјите во светот, Северна Македонија е ставена во третиот степен пропорака, кој што советува „размислете …

Македонија во третиот степен на препорака за патување на Стејт Департментот  Read More »

РЕК Битола: Неетички, нечовечки и неморални се нападите од ВМРО-ДПМНЕ


Неетички, нечовечки и неморално е во услови на елементарна непогода во рудниците во РЕК Битола, кога вработените вложуваат максимални напори да ги санираат состојбите и дури ги загрозуваат и сопствените животи, ВМРО ДПМНЕ на прес конференции да зборуваат за неспособност на комбинатот, иако од опозициската партија се свесни дека и  во услови на поплави кои …

РЕК Битола: Неетички, нечовечки и неморални се нападите од ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Бродарите на Охридското Езеро добија „корона протокол„


Претставници на Езерската полиција, на Капетанија на пристаништа и на Државниот пазарен инспекторат синоќа остварија средба со сопствениците на бродови на Охридското Езеро, со цел да им се укаже на обврските за доследно почитување на одлуките и протоколите за работа на пловните објекти и примена на безбедносно-здравствените мерки за заштита на граѓаните од КОВИД-19. На …

Бродарите на Охридското Езеро добија „корона протокол„ Read More »

Либан ќе испитува дали експлозијата била предизвикана од ракета или бомба


Либанскиот претседател Мишел Аун изјави дека во истрагата за експлозијата во магацинот во пристаништето во Бејрут се трага по фактот дали станува збор за последица од надворешно мешање или е само небрежност или несреќа, соопшти денеска неговиот Кабинет. – Причината сè уште не е утврдена. Постои можност за странско мешање преку ракета или бомба или некое друго …

Либан ќе испитува дали експлозијата била предизвикана од ракета или бомба Read More »