Гаши е оптимист дека ќе се направи Влада, очекува да биде дел од неа

Претседателот на Алтернатива Африм Гаши е оптимист дека ќе се формира нова влада и пред истекот на 20те дена по доделувањето на мандатот, како и дека нивната коалиција со Алијансата за Албанците ќе биде дел од неа.

-Сепак, до мандатарот е и до бројките. Би сакал тоа да се ние, но не сме во позиција сега да преговараме ниту да наметнуваме. Нашиот дел е кажан, јасно сме кажале кои се нашите позиции. Коректно сме позиционирани и во однос на ДУИ и во однос на македонските политички партии, не сакаме никого ниту да фаворизираме, ниту да хендикипираме. Мислам дека е многу битно затоа што минатата влада и сите минати влади бевме исправеи пред многу тешки предизвици и прашања како решавање на спорот со името, Договорот со Бугарија… Сега првпат мислам дека бродот ќе ни заплива во помирни води, не дека внатрешните  прашања се помирни, но навистина крајно време е да се занимаваме со најсуштествените работи кои ги задираат најдлабоко интерсите на граѓаните –  економија, здравство, правна држава, образование, .. рече Гаши во гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ канал 5.

Оптимист сум, наведе, дека ќе се направи влада, добра влада.  Очекувам дека ние ќе бидеме дел од таа влада, ако успееме нашите програмски определби и предизборни ветувања да ги ставиме, да бидат дел од изборната програма. Очекуваме дека ќе надојде многу интересен момент, каде ќе треба да работиме сите заедно и да покажеме дека треба да престанат некои практики на политичко одмаздување и внатрешна битка, рече Гаши.

Според него, многу е важно формирањето на Владата да биде засновано врз основа на легитимет. Рече дека поради исходот од изборите, им дозволиле на ДУИ да преговараат за Влада. Смета дека ДУИ нема да отстапи од своето барање за премиер на државата да биде Албанец.

– На изборите, во албанскиот дел зборувам, имаше два концепти. Првиот беше за премиер Албанец, а вториот  беше држава за сите. Ние направивме програма, излеговме пред граѓаните со нашата понуда. Ние тогаш кажавме дека тоа е маркетиншки трик и тоа е неизводливо сега во моментов, и не само што не е изводливо, туку и не е некој голем интерес на Албанците, рече Гаши.

Делот со бројките за создавање на владата, посочи, е одговорност на мандатарот.

– Ние сме тука и чекаме ако имаме понуда да бидеме дел од владата. Нормално ние би влегле и би преговарале ако ДУИ не успеат со премиерот, тогаш ние би ги почнале преговорите за нашата програма. Делот со бројките за создавање на владата е одговорност на мандатарот. Тоа е одговорност на тој што  победил изборите. Ние во овој дел не би можеле да помогнеме. Единствено што може да направиме е да ги понудиме нашите пратеници да гласат за Влада, за која мислиме и веруваме дека ќе биде во интерес на граѓаните, изјави Гаши.

Гаши истотака зброуваше и за најавите дека може да има широка влада со сите албански партии во власта за што наведе дека е многу е битно тие од мандатарот да добијат понуда и да преговарат за програмата и форматот.

– Ние не сакаме да бидеме дел од влада со каква било политичка партија. Кога ќе дојде на маса таа понуда програмата и форматот, (значи која друга партија би била) тогаш би имале јасен одговор. Во 2018 година пред потпишување на Преспанскит договор, како политичка партија и лидер сметавме дека кога државата е во крстопат. Многу е битно сите граѓани и политичките актери да покажат на која страна на историјата биле кога се решавале битните прашања. Тогаш влеговме да помогнеме со едно министерство и без голема одговорност. Сега ситуацијата е поинаква. Политичката слика кај Албанците почна да се искристализира. Неколку партии веќе ги сменува. Од една страна е ДУИ, од друга страна нашата коалиција, и мораме да бидеме внимателни освен за делот кој ќе биде дел од власта, треба да внимаваме и за опозицијата, истакна  Гаши.

Битно, според него, е Албанците да имаа здрава опозиција, како што вели, или ДУИ или тие како коалиција.

– Затоа ние не можеме да бидеме дел од иста влада со ДУИ овој пат, посочи Гаши.

Прашан дали може Алтернатива да се договори за влада без Алијанса за Албанците, Гаши рече дека тоа не може да се случи во никој случај.