Вашингтон воведе санкции за премиерката на Хонгконг


Шефицата на владата на Хонгконг, Кери Лам

Вашингтон денес објави воведување санкции против 11 официјални претставници на Хонгконг, вклучувајќи ја и премиерката Кери Лам, обвинувајќи ги дека настојуваат да ја ограничат автономијата на таа територија, како и „слободата на изразување и собирање“ на нејзините граѓани.

„Соединетите Држави ги поддржуваат луѓето во Хонгконг и ние ќе ги искористиме нашите ресурси и нашите овластувања за да ги насочиме кон оние што ја нарушуваат нејзината автономија“, рече американскиот министер за финансии Стивен Мнучин во изјавата.

Меѓу другите, беа воведени санкции против шефот на полицијата во Хонгконг, секретарот за безбедност и правда. Тие предвидуваат заплена на имотот на тие лица во Соединетите Држави.

Мерката е преземена во контекст на зголемување на тензиите меѓу Соединетите Држави и Кина, што повторно ја зајакнува контролата врз поранешната британска колонија, која треба да има широка автономија до 2047 година, според принципот „една земја, два системи“.

Актот за национална безбедност, кој Пекинг го воведе за Хонгконг кон крајот на јуни, не само што ја намали автономијата на Хонгконг, туку и ги наруши правата на жителите на Хонгконг, дозволувајќи им на безбедносните служби на копното на Кина да работат без ограничувања во регионот, соопшти Министерството за финансии на САД.

Законот беше воведен како одговор на неколкумесечни демонстрации во 2019 година, најголеми откако територијата беше вратена во Кина во 1997 година. Тој беше осуден од страна на про-демократската страна како правен инструмент за да се задуши какво било несогласување. (Бета)