Во БиХ 282 нови заразени, починаа деветмина


 

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се нови 282 случаи на заразени со кроона вирус, а починаа девет пациенти.

Од новите 282 случаи, 198 се во Федерацијата БиХ, а 84 во Република Српска.

Во Федерацијата тестирани беа 759 примероци, а во РС 292, пренесе Klix.ba.

Досега во Федерацијата потврдени се 8.026 позитивни случаи, а починаа 19 пациенти, додека во РС потврдени се 5.429 случаи, а починаа 191.