Синот го нашол таткото обесен во Скопско, уште еден обесен покрај Вардар


 

Во четовртокот, во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во скопско село 27-годишно лице во гаража го пронашло обесен неговиот 51-годишен татко.
Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Истиот ден, во 19.56 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кеј на р.Вардар во Скопје, во близина на ФФМ, било пронајдено обесено машко лице на возраст од околу 25 години. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.