Бугарија забележа 297 нови случаи со корона вирус


Во Бугарија во последното деноноќие забележани се нови 297 случаи со корона вирус, со што вкупниот број заболени порасна на 13.014, објавија денеска бугарските власти.

Најмногу заболени има во Софија, потоа во Пловдив и Добриќ, пренесе БТЗ.

Меѓу новозаболените се и 12 медицински работници.

Во моментот во Бугарија има 5.205 активни случаи, а во болница се 874 лица, од кои 47 на интензивна нега.