Задолжително носење заштитни маски на отворено во делови на Марсеј


Во делови на Марсеј, втор по големина град во Франција, од утре до 30 август ќе биде задолжително да се носат заштитни маски на отворено, за да се спречи ширењето на коронавирусот, соопштија денеска локалните власти.

Франција во изминатите 10 дена бележи пораст на бројот на новозаразени со коронавирусот, а се очекува и Париз да најави слични мерки во наредните денови.

Во Франција досега од Ковид-19 се заразени 195.633 лица, а 30.312 се починати.