Петар Грашо ја наполни Хераклеа, публиката без маски и без дистанца


Без држење дистанца и повеќето без маски беше публиката на синоќешниот концерт на хрватската поп-ѕвезда Петар Грашо на археолошкиот локалитет Хераклеа во Битола. На социјалните мрежи се вртат многу фотографии на кои се гледа дека за време на концертот не биле почитувани пропишаните протоколи за јавни настани. Ова е уште еден пример за апсурдите што …

Петар Грашо ја наполни Хераклеа, публиката без маски и без дистанца Read More »

Се влошува ситуацијата во Италија, бројките полоши од вчера


Италија повторно е во паника! Бројот на заразени лица се зголемува од ден на ден. Според денешните податоци, во таа земја во последните 24 часа биле регистрирани уште 947 заразени лица, а уште девет заразени лица ја изгубиле борбата. Во Италија сега се регистрирани вкупно 257.056 случаи на инфекција, а од почетокот на епидемијата починаа …

Се влошува ситуацијата во Италија, бројките полоши од вчера Read More »

Талат Џафери избран за претседател на Собранието


Со 62 гласа за и 43 гласа против пратеникот од ДУИ, Талат Џафери, попладнево беше избран за претседател на Собранието. За време на гласањето пратениците на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ја напуштија собраниската сала. Кога Џафери ја даваше свечената изјава салата ја напуштија и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Освен пратениците на новата коалиција, во …

Талат Џафери избран за претседател на Собранието Read More »

Шпанија ги затвoра борделите поради зголемениот број на заразени од корона вирус


Властите во шпанскиот регион Кастилја-Ла Манча денеска наредија затворање на сите бордели поради епидемијата на коронавирус. Одлуката е донесена затоа што десетина луѓе кои биле позитивни на вирусот корона биле меѓу седум жени и пет мажи во само еден бордел. Бидејќи не постои официјален регистар на клиенти, властите не можеле да контактираат со други луѓе …

Шпанија ги затвoра борделите поради зголемениот број на заразени од корона вирус Read More »

Македонските државјани може да транзитираат низ Србија без ПЦР-тест


Според новите правила кои ги донесе Министерството за здравство на Србија, македонските државјани кои транзитираат низ територијата на Србија од денеска не е потребно да приложуваат негативен ПЦР-тест при влез во оваа земја. Како што јави дописникот на МИА од Белград, во согласност со Упатството на Министерството за здравство на Република Србија, објавено во Службениот …

Македонските државјани може да транзитираат низ Србија без ПЦР-тест Read More »

Лукашенко жестоко му одговори на Макрон: А јас да дојдам кај тебе да посредувам


Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, имаше подготвен одговор на идејата на францускиот лидер, Емануел Макрон, да посредува во преговорите во Белорусија. Како што вели, прво тој треба да појде во Франција и да посредува меѓу Макрон и „жолтите елеци“. „Макрон сака да посредува во преговорите во Белорусија. Дозволете ми да дојдам таму прво, да бидам …

Лукашенко жестоко му одговори на Макрон: А јас да дојдам кај тебе да посредувам Read More »

Курти ги повика косовските субјекти да му се спротивстават на американскиот посредник Гренел


Лидерот на опозициското Движење самоопределување (ВВ) Албин Курти ги повика сите косовски политички и државни субјекти да му се спротивстават на специјалниот пратеник на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп за дијалогот со Србија, амбасадорот Ричард Гренел, со цел тој да биде заменет со американски претставник кој ќе понуди поквалитетни решенија за споровите меѓу …

Курти ги повика косовските субјекти да му се спротивстават на американскиот посредник Гренел Read More »

Русија одобри испитување на вакцината против Ковид-19 на „АстраЗенека“


Фармацевстката компанија „АстраЗенека“ доби одобрение за спроведување на третата фаза од испитувањето на потенцијалната вакцина против Ковид-19, АЗД1222 во Русија. Одлуката денеска е внесена во рускиот регистер за клинички испитувања. Во испитувањето ќе учествуваат 150 лица, а ќе биде спроведено во четири медицински установи во Санкт Петербург и во Москва. Претседателот Владимир Путин на 11 …

Русија одобри испитување на вакцината против Ковид-19 на „АстраЗенека“ Read More »

Кинески „Нио“ ќе ги дава под наем батериите за скапите електрични автомобили


Кинескиот производител на електрични возила „Нио“ воведе услуга за изнајмување на батериите со цел да ја намали цената на возилата со тоа што при купување од нив ќе го издвои најскапиот дел – батеријата што ги прави недостапни за многу заинтересирани купувачи. Услугата за изнајмување на батериите (BaaS) вклучува плаќање на месечни надоместоци за нивна …

Кинески „Нио“ ќе ги дава под наем батериите за скапите електрични автомобили Read More »

Во Велес на пешачки тешко повредена 19-годишна девојка


Попладнево во 14.30 часот на пешачкиот премин на плоштадот Срмаале спроти Основниот суд од патничко возило тешко била повредена 19-годишна девојка. Брза помош веднаш дошла не месотото на настнаот и укажала помош. Ккао што информира доктор Василка Пановска Попстеванова, началник на Брза помош тие со екипа на брза помош веднаш и укажале помош и констатирале …

Во Велес на пешачки тешко повредена 19-годишна девојка Read More »

Рекорден број на заразени со Ковид-19 во Словачка


Словачка денеска пријави 123 новозаболени лица со Ковид-19, што е најголем пораст на дневно ниво од март, кога во земјата е регистриран првиот случај на новиот коронавирус. Словачкото Министерство за здравство соопшти дека третпат се регистрирани над сто инфицирани лица. Словачка со 5,5 милиони жители, има мал број на заразени лица во споредба со другите …

Рекорден број на заразени со Ковид-19 во Словачка Read More »

Народна банка: Продолжува растот и на депозитите и на кредитирањето


Во јули 2020 година, паричната маса се зголеми за 0,7 отсто на месечна основа под влијание на растот на депозитните пари, краткорочните депозити и готовите пари во оптек, при остварен пад на долгорочните депозити до две години. На годишна основа, паричната маса е зголемена за 9,3 отсто, во поголем дел како резултат на повисоките депозитни …

Народна банка: Продолжува растот и на депозитите и на кредитирањето Read More »

Новозаболени се 115 лица, оздравеа 225, починаа тројца


Во последните 24 часа се направени 1.825 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 32 -Куманово 7 -Дебар 8 -Штип 14 -Прилеп 2 -Тетово 10 -Велес 2 -Охрид 3 -Гостивар 11 -Гевгелија 3 -Крива Паланка 3 -Кочани 1 -Пробиштип 1 -Берово 8 -Делчево 3 -Свети Николе 4 -Кичево 3 Починати се …

Новозаболени се 115 лица, оздравеа 225, починаа тројца Read More »

Русија побара дијалог на Лукашенко и граѓаните


  Претседателот Владимир Путин и рускиот Совет за безбедност се согласија на состанокот во петокот дека белоруските власти и луѓето во земјата треба да стапат во дијалог за решавање на политичката криза таму, ја цитираше новинската агенција ТАСС изјавата на Кремљ. Русија е близок сојузник на соседна Белорусија. Во истовреме двајца водечки членови на новоформираниот …

Русија побара дијалог на Лукашенко и граѓаните Read More »

За Апасиев, Џафери е Че Гевара


Во собраниската расправа на која на дневен ред е избор на претседател на Собранието, новите пратеници во дискусиите внесоа и духовити забелешки. Така, во својот настап лидерот на Левица, Димитар Апасиев, рече дека Џафери, а не тој е македонскиот Че Гевара, на што кандидатот за нов спикер на парламентот му одговори дека ја прифаќа таквата …

За Апасиев, Џафери е Че Гевара Read More »

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците и Алтернатива нема да гласаат за Џафери


Собранието на Република Северна Македонија ја продолжи конститутивната седница сo претрес за предлогот за претседател на законодавниот дом повторно да биде избран Талат Џафери. Со 62 потписи на пратениците од СДСМ и Коалицијата „Можеме“, ДУИ и ДПА, Џафери е предложен за уште еден четиригодишен мандат за претседател на Собранието. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на …

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците и Алтернатива нема да гласаат за Џафери Read More »

И понатаму расте бројот новозаразени во Хрватска – денеска 265


  Тред ден по ред расте бројот на новозаразени во Хрватска, а денеска е забележан нов рекосрд со 265 новозаразени, додека еден пациент починал. Во моментот во Хрватска има 1.841 активен случај, а во последните 24 часа починала една жена од Винковци. На болничко лекување се 135 пациенти, од кои 12 на респиратор, а тестирани …

И понатаму расте бројот новозаразени во Хрватска – денеска 265 Read More »

(Галерија)Трет протест против поскапувањето на струјата


Во 14 часот денеска, почна третиот протест против поскапувањето на струјата во Скопје, а демонстрантите се собраа кај „Мавровка“ и се упатија кон Министерството за правда. При тоа се блокираат крстосниците кај Судска палата и кај Палома Бјанка. Ова е трет протест против поскапувањето на цената на струјата, откако беше одлучено сметките за електрична енергија …

(Галерија)Трет протест против поскапувањето на струјата Read More »

Инцијативен одбор за промени во ВМРО-ДПМНЕ бара оставка на Мицкоски и вонреден конгрес за избор на ново раководство


Иницијативен одбор за промени во опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со барање за оставка на лидерот Христијан Мицкоски и за свикување вонреден конгрес, на кој ќе се избере новo раководство. Денеска на прес-конференција пред седиштето на партијата тие ги изнесоа своите барања, при што напоменаа дека немаат конкретен предлог, туку дека преку вонредниот конгрес треба на …

Инцијативен одбор за промени во ВМРО-ДПМНЕ бара оставка на Мицкоски и вонреден конгрес за избор на ново раководство Read More »

Џо Бајден го дочека својот момент


  ВАШИНГТОН – Конечно, Џо Бајден конечно го доби својот момент. По претседателската кампања во 2020 година доминирана од зборовите и постапките на претседателот Доналд Трамп, Бајден во четвртокот се искачи на нивото на вистински противник откако ја прифати номинацијата на Демократската партија за изборите во ноември. Обвинет од републиканeцот Трамп дека се криел во …

Џо Бајден го дочека својот момент Read More »