Во Велес на пешачки тешко повредена 19-годишна девојка


Попладнево во 14.30 часот на пешачкиот премин на плоштадот Срмаале спроти Основниот суд од патничко возило тешко била повредена 19-годишна девојка.

Брза помош веднаш дошла не месотото на настнаот и укажала помош.

Ккао што информира доктор Василка Пановска Попстеванова, началник на Брза помош тие со екипа на брза помош веднаш и укажале помош и констатирале повреда на глава, градниот кош и екстремитети, ја имобилизирале и таа е во стабилна состојба. Девојката е однесена во Општата болница Велес.

Како што информира за МИА доктор Весна Неделковска Николова, портпарол на ЈЗУ Општа болница девојката била примена и над неа лекарски тим од хируршките амбуланти врши испитувања за нејзината состојба.