И понатаму расте бројот новозаразени во Хрватска – денеска 265


 

Тред ден по ред расте бројот на новозаразени во Хрватска, а денеска е забележан нов рекосрд со 265 новозаразени, додека еден пациент починал.

Во моментот во Хрватска има 1.841 активен случај, а во последните 24 часа починала една жена од Винковци.

На болничко лекување се 135 пациенти, од кои 12 на респиратор, а тестирани биле 1.647 лица.

Вчера беа забележани 255 новозаразени.