Ангеловска: БДП годинава ќе се намали за 3,4 отсто


Во април во Буџетот биле прибрани 14,2 милијарди денари, што претставува пад од 20 отсто споредено со истиот месец минатата година    Економската активност во државава годинава ќе се намали за 3,4 проценти како последица од кризата со Ковид -19, а стапката на инфлација ќе има надолна ревизија и ќе изнесува 0,2 проценти, покажуваат денеска …

Ангеловска: БДП годинава ќе се намали за 3,4 отсто Read More »

Докторите се борат со необична последица од корона вирусот кај пациентите


Докторите открија дека некои пациенти заразени со корона вирус имаат изненадуваќки ниско ниво на кислород во организмот, а спак се чувствуваат добро. Оваа појава се нарекува тивка или среќна хипоксија и многу е застапена кај пациенти со инфекцијата. Мистеријата во која пациентите се надвор од животна опасност имаа ниско ниво на кислороф, толку ниско што …

Докторите се борат со необична последица од корона вирусот кај пациентите Read More »

Јапонските власти ја продолжија вонредната состојба поради корона вирусот до 31 мај


Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска соопшти дека рокот на вонредната состојба поради корона вирусот во Јапонија ќе биде продолжен до 31 мај. Според Владата во Токио, се уште е рано да се укинат мерките кои беа воведени за да се спречи ширењето на вирусот. – Ќе го продолжам до 31 мај периодот на вонредната состојба, …

Јапонските власти ја продолжија вонредната состојба поради корона вирусот до 31 мај Read More »

Двајца загинати во вчерашната сообраќајка кај Страцин, по возачот, почина и сопатник


Уште едно лице им подлегна на повредите здобиени во сообраќајната несреќа што се случи вчера на патот Куманово-Крива Паланка кај село Страцин, информираа денеска од МВР. Починал 23-годишен сопатник, откако бил пренесен за укажување лекарска помош, а вчера од здобиените повреди почина 55-годишен возач на едното од возилата кои учествуваа во несреќата. Сообраќајката се случи …

Двајца загинати во вчерашната сообраќајка кај Страцин, по возачот, почина и сопатник Read More »

Ана Бјерде, нова потпретседателка на Светска банка за Европа и Централна Азија


Ана Бјерде, Швеѓанка по националност, на 1 мај годинава стана новата потпретседатлка на Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија. Таа ќе ги предводи стратешките, аналитички, оперативни и истражувачки активности во регионот. Бјерде, се вели во соопштението од канцеларијата на Светската банка во земјава, го презема водството на регионот на Европа и Централна …

Ана Бјерде, нова потпретседателка на Светска банка за Европа и Централна Азија Read More »

Децата не се ОК: Слаб одговор со италијанската пост-вирусна стратегија?


Италијанската Влада има план да отвори фабрики, продавници, кафулиња, ресторани, па дури и берберници, но не и да ги отвори училиштата до есен. Милиони Италијанци се многу незадоволни од ова. „Сложено е. Голем е ризикот епидемиолошката крива да скокне повторно ако отвориме училишта“, се обиде да објасни италијанскиот премиер Џузепе Конте пред неколку дена. „Сите …

Децата не се ОК: Слаб одговор со италијанската пост-вирусна стратегија? Read More »

Светска банка: Поддршката за Европа и централна Азија во борбата против пандемијата над 1,4 милијарди долари


Поддршката за земјите од Европа и централна Азија во борбата против пандемијата на новиот коронавирус досега изнесува повеќе од 1,4 милијарди долари, соопшти денеска Светска банка. „Почнувајќи од 2 април 2020 година, одобрени се нови проекти за итно реагирање во вредност од 490 милиони долари. Покрај тоа, до 925 милиони американски долари ќе бидат прераспределени, …

Светска банка: Поддршката за Европа и централна Азија во борбата против пандемијата над 1,4 милијарди долари Read More »

Заев најави трет пакет економски мерки наменет за заживување на економијата


Државата постои за граѓаните, да им помогне полесно да ги пребродат последиците од оваа криза и затоа подготвуваме трет сет економски мерки, наменет за заживување на економијата, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев во емисијата „Утрински брифинг“. „Заклучно со вчера, иако беше викенд, имаше 3.747 компании кои аплицираа за економските мерки, тоа е огромна бројка …

Заев најави трет пакет економски мерки наменет за заживување на економијата Read More »

Ана Винтур има големи планови на Јутјуб за откажаната Мет Гала 2020


САД- Денес требаше да се одржи најпрестижниот црвен килим , по Оскаровскиот-Мет Гала но со оглед на тоа што Њујорк сеуште е во корона-криза, главната уредничка на „Вог“, Ана Винтур, носи мало парче од најголемата ноќ на модата на социјално дистанцираната светска јавност  на Јутјуб . Денес и утре, на Јутјуб -страницата на Вог  ќе …

Ана Винтур има големи планови на Јутјуб за откажаната Мет Гала 2020 Read More »

Србија од вонредна состојба на избори


Србија од полициски час оди право на избори. Ваквата најава произлезе од интервјуто на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој соопшти дека вонредната состојба најверојатно ќе биде укината на 6 мај, на Ѓурѓевден, а дека изборите во Србија ќе се одржат на 14 или 21 јуни. Гостувајќи синоќа на ТВ Пинк, изјави дека одлуката за укинување …

Србија од вонредна состојба на избори Read More »

Од денеска почна дисперзија на онколошката терапија за пациентите со малигни болести


Од денеска почна дисперзија на терапијата за дел од пациентите со малигни болести од другите градови и населени места од државата. Пациентите со одредени онколошки заболувања веќе нема да патуваат во Скопје на Клиниката за онкологија и радиотерапија и својата редовна доза терапија ќе може да ја примат во најблискиот регионален онколошки центар, соопшти Министерството за …

Од денеска почна дисперзија на онколошката терапија за пациентите со малигни болести Read More »

Камион удри во пешак на патот Струмица-Владевци


Утрово околу 02:40 часот товарно возило управувано од жител од Радовиш удрило во негов сограѓанин, В.В. (69) во селото Владевци. Веста ја потврди портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска. -Незгодата се случила на магистралниот пат А4, Струмица-Радовиш, на делот кој поминува низ селото Владевци. Полицијата по налог на јавен обвинител изврши увид, додаде Рендевска. Повредениот радовишанец …

Камион удри во пешак на патот Струмица-Владевци Read More »

На онлајн купувања од странство лани сме потрошиле 100 милиони евра


Најчесто од земјава се купувало онлајн во Обединето Кралство, Унгарија и САД, покажуваат податоците на Народната банка   Во текот на 2019 година со домашни платежни картички во странство реализирани се вкупно 3.375.597 онлајн трансакции со вкупна вредност од 100,3 милиони евра. Од друга страна, со странски платежни картички во земјава реализирани се вкупно 170.390 …

На онлајн купувања од странство лани сме потрошиле 100 милиони евра Read More »

Драган Вучиќ почина на Инфективната клиника во Скопје


Познатиот пејач, водител и телевизиско лице Драган Вучиќ починал на Инфективната клиника во Скопје. Информацијата ја потврдуваат негови блиски како и наши извори од Институтот за јавно здравје кои тврдат дека причината за смртта се компликации од коронавирусот. Вучиќ бил ставен на респираторна поддршка поради тешката состојба. Композиторот Љупчо Мирковски на својот Фејсбук профил објави …

Драган Вучиќ почина на Инфективната клиника во Скопје Read More »

Заев: Упадот потсети на режимот


Непријатно е млади деца, волонтери организирани од општинските кризни штабови, кои ја сервисираат цела Македонија со прехранбени продукти,  да се држат до сабајле со закани и уцени,  и да им влезат без налог во приватен простор. Тоа потсети на годините на режимот, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев во гостувањето на Утрински брифинг.   -Нашето …

Заев: Упадот потсети на режимот Read More »

Кому му оди во прилог враќањето на парламентот


Како што се намалува интензитетот на епидемијата со Ковид-19, така растат тензиите на политичката сцена, заедно со неизвесноста околу одржување на изборите и понатамошното функционирање на институциите   Вчерашниот биланс од пет новозаразени со корона вирусот во земјава, што е најмала бројка во последните неколку седмици, е помал и од бројката на прес-конференции што ВМРО-ДПМНЕ …

Кому му оди во прилог враќањето на парламентот Read More »

Најмалку мртви во Германија во повеќе од еден месец


Германија денеска пријави најнизок пораст на бројот на пчинати од ковид-19 од 25 март, соопшти Државниот институт за заразни болести „Роберт Кох“. Во последните 24 часа забележани се 43 смртни случаи, со што вкупониот број починати од корона вирус во таа земја изнесува 6.692, пренесе Си-ен-ен. Бројот на новозаразени во Германија, исто така остана на …

Најмалку мртви во Германија во повеќе од еден месец Read More »

Четириесет години од смртта на Јосип Броз Тито


На денешен ден пред 40 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892-1980). Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините оружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 …

Четириесет години од смртта на Јосип Броз Тито Read More »

Трамп: Околу 100.000 Американци може да умрат од Ковид-19


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веќе се смета за можно речиси 100.000 Американци да умрат од Ковид-19, откако бројот на починати ги надмина неговите претходни проценки. – Ќе изгубиме некаде од 75, 80 до 100.000 луѓе. Тоа е ужасно, рече Трамп за „Фокс њуз“. Тој во петокот изрази надеж дека ќе починат помалку од …

Трамп: Околу 100.000 Американци може да умрат од Ковид-19 Read More »

Грција по 42 дена излегува од карантин


Со целосно укинување на забраната за движење за граѓаните и отворање на дел од продавниците, Грција од шест часот утрово, по 42 дена излегува од карантин и влегува во новата фаза на постепено олабавување на рестриктивните мерки, јави дописничката на МИА од Атина. Од денеска маските ги заменуваат смс пораките и потврдите за движење, со …

Грција по 42 дена излегува од карантин Read More »