Србија од вонредна состојба на избори


Србија од полициски час оди право на избори. Ваквата најава произлезе од интервјуто на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој соопшти дека вонредната состојба најверојатно ќе биде укината на 6 мај, на Ѓурѓевден, а дека изборите во Србија ќе се одржат на 14 или 21 јуни.

Гостувајќи синоќа на ТВ Пинк, изјави дека одлуката за укинување на вонредната состојба во среда ќе се најде пред пратениците на Народното собрани, а во четврток ќе стапи на сила, со што нема повеќе да има полициски час.