Јапонските власти ја продолжија вонредната состојба поради корона вирусот до 31 мај


Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска соопшти дека рокот на вонредната состојба поради корона вирусот во Јапонија ќе биде продолжен до 31 мај.

Според Владата во Токио, се уште е рано да се укинат мерките кои беа воведени за да се спречи ширењето на вирусот.

– Ќе го продолжам до 31 мај периодот на вонредната состојба, објавена на 7 април. Одлуката се однесува на сите префектури во земјата, изјави Абе.

Според последните податоци, во Јапонија има 14.877 заразени со Ковид-19, а починале вкупно 487 лица.