Докторите се борат со необична последица од корона вирусот кај пациентите


Докторите открија дека некои пациенти заразени со корона вирус имаат изненадуваќки ниско ниво на кислород во организмот, а спак се чувствуваат добро. Оваа појава се нарекува тивка или среќна хипоксија и многу е застапена кај пациенти со инфекцијата.

Мистеријата во која пациентите се надвор од животна опасност имаа ниско ниво на кислороф, толку ниско што може да предизвика несвестица, па и смерт, ги натера лекарите да ги преиспитаат основните принципи на биологија.

Во прашање е појава која се нарекува тивка хипоксија или среќна и поради неа се поставува прашањето како вирусот ги напаѓа белите дробови и може лид а има поефикасен начин на лекување.

Здрав човек треба да има заситеност со кислород од најмалку 95 отсто, но докторите известуваат дека има голем број пациенти на клиничка терапија кои имаат ниско ниво на кислород некогаш и под 50 отсто.

Докторот од болницата во Маанчестер Мајк Чарслворт рече дека ваква состојба може да предизвика и сериозна хипоксија.

Тој објасни дека луѓето кои имаат проблем со недостаток на кислород обично изгледаат многу болни, што со некои пациенти со ковид-19 не е случај.

„Со воспаление на градите или белодробна емболија не би седеле во кревет и не би разговарале со нас. Не разбираме како е ова можно, не знаеме дали во прашање е оштетување на органите кое не можеме да го откриеме и не разбираме како телото го надокнадува тоа“.

Конвенционалната медицина вели дека обично пациентите на кои заситеноста со кислород им паѓа под 75 отсто губат свест, но сега тоа не е случај.

„Интригантно е да се види како толку луѓе доаѓаат во болница и се хипоксични. Оваа појава обично не би ја виделе кај грип или воспаление на градите, ова е многу подлабоко и пример за ненормална физиологија која ни се случуба пред очи“, вели советникот за нега и анестезија во Манчестер, Џонатан Банард – Смит.