Најмалку мртви во Германија во повеќе од еден месец


Германија денеска пријави најнизок пораст на бројот на пчинати од ковид-19 од 25 март, соопшти Државниот институт за заразни болести „Роберт Кох“.

Во последните 24 часа забележани се 43 смртни случаи, со што вкупониот број починати од корона вирус во таа земја изнесува 6.692, пренесе Си-ен-ен.

Бројот на новозаразени во Германија, исто така остана на релативно ниско ниво, па забележани се 679 нови случаи, а се опоравија 2.200 луѓе.