Ана Винтур има големи планови на Јутјуб за откажаната Мет Гала 2020


САД- Денес требаше да се одржи најпрестижниот црвен килим , по Оскаровскиот-Мет Гала но со оглед на тоа што Њујорк сеуште е во корона-криза, главната уредничка на „Вог“, Ана Винтур, носи мало парче од најголемата ноќ на модата на социјално дистанцираната светска јавност  на Јутјуб .

Денес и утре, на Јутјуб -страницата на Вог  ќе се прикажат неколку емисии за познати модели и sвезди кои со години беа на црвениот килим на „Мет“, вклучувајќи ги Лиза Коши, Наоми Кембел и Карди Б. Во 18 часот ЕТ / 3 часот ПТ, Винтур ќе биде домаќин на специјална ретроспектива под наслов „A Moment at the Met, “,со специјални гости за да се осврне на познатата манифестација.

„Замолив неколку пријатели да ми се придружат во уникатен  момент – оној што се надевам дека ќе ни донесе малку радост“, изјави Винтур

Создадена во 1948 година како настан за прибирање финансиски средства на Институтот за костуми на Метрополиен музеј на уметноста, Мет Гала прерасна во најексклузивен социјален настан во Њујорк и една од најпознатите во светот, особено под водство на Винтур и нејзиниот Vogue EIC претходникот Дајана Вреланд.

Гала 2020 година ќе ја одбележи 25-годишнината на Винтур како претседател на Институтот за костуми и организатор на настанот. Билетите за влез на ексклузивниот настан чинат 30 000 долари.

Винтур, изминатиов месец , изјави дека црвениот килим и годинашната изложба на музејот „Метрополитен“, ќе бидат одложени заради пандемијата на коронавирусот, разочарана од справувањето на ситуацијата од страна на претседателот Доналд Трамп.

„Поради неизбежната и одговорна одлука на музејот Метрополитен да ги затвори своите врати,„ и престижниот црвен килим, со хуманитарен аспект, ќе биде одложен за подоцнежен датум“, соопшти Винтур во објавата на веб-страницата на Vogue.

Тема на изложбата  беше „За времето: Мода и времетраење“, што требаше да се отвори на 7 мај, а ќе имаше 160 парчиња женска мода од последните 150 години и пошироко, открива „Њујорк тајмс“. Изложбата, годинава беше поддржана од модната куќа „Луј Витон“  и ќе ја одбележеше 150-годишнината од Мет,е делумно инспирирано од Вирџинија Вулф и теориите на францускиот филозоф од почетокот на 20 век, Анри Бергсон.

Најпочитувата актерка во Холивуд, Мерил Стрип, за прв пат ќе прошеташе на црвениот килим на „Мет гала“ во Њујорк, најпрестижен по оскаровскиот. Заедно со актерите Ема Стоун и Лин Мануел Миранда денес ќе беа ко-домаќини на Ана Винтур.