Заев: Упадот потсети на режимот


Фото: Б. Грданоски

 

-Нашето семејство Заеви, сите ние, поминавме  низ тие режимски сценарија и верувам дека се свесни дека ваквите работи го потсетуваат народот на режимот и требаше веднаш да се осудат. Но, со  самото тоа што продолжи како една голема хајка покажа дека доаѓа од партиската врхушка, реализирана по наредба на Чулев, а знаеме дека задачата ја дала партијата, посочи Заев.

Заев истакна дека неговото семејство ќе продолжи и  понатаму со хуманитарната работа,  дека илјадници пакети се донирани досега до  најсиромашните  насекаде низ државата.

-Помогнавме на здравствениот систем, помогнавме и помагаме со хуманитарните пакети кои ги делат општинските кризни штабови. Многу граѓани, пред се од неформалниот сектор останаа без примања и треба да им се помогне, заклучи Заев.

Од полицијата се уште молчат што е утврдено со упадот, ако е утврдена некаква неправилност воопшто освен што производите се пакувале во полициски час а волонтерите за тоа имале дозвола. Во недостиг на такви аргументи, од медиумите наклонети кон опозицијата, откако прво се тврдеше дека во хуманитарната помош немало македонски производи иако имаше зелка, се пласираше нова фарса – дека со хуманитарните пакети се загрозувало здравјето на граѓаните бидејќи  производите биле  со поминат рок на траење.