Азиските берзи го следат растот на Вол Стрит
Цените на акциите на азиските пазари денеска се зголемија, како што вчера се случи на Вол Стрит, но обемот на тргување е слаб бидејќи на неколку поголеми пазари не се работи поради празници. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, околу 6:30 часот беше во плус 0,6 проценти, откако вчера падна повеќе од два проценти. …